домаМеханизацијаТРАКТОР LOVOL P1025 – Компактен, Модерен, Извонредно Ефикасен

ТРАКТОР LOVOL P1025 – Компактен, Модерен, Извонредно Ефикасен

halk bank baner horizontalen ovcar

Моќниот и современ компактен трактор LOVOL P1025, дел од понудата на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ!
Тракторот LOVOL P1025 е врвен компактен и градинарски модел, специјално дизајниран за најефикасна обработка на помали и средни земјоделски површини, оранжерии, лозови и овошни насади. Поради својата мултифункционалност и достапноста на специјални тревни (ТУРФ) гуми, овој модел е совршен избор и за професионално одржување на спортски терени, голф игралишта, јавни паркови и големи зелени површини.

LOVOL P1025 поседува врвен, економичен 3-цилиндричен дизел мотор со Yanmar технологија кој ги исполнува најстрогите Stage V еколошки стандарди. Овој мотор обезбедува стабилна работа, исклучително ниска потрошувачка на гориво, максимална сигурност и прецизност при секоја операција. Синхронизираниот менувач со 8 брзини напред и 8 назад (8F+8R Synchro shift) овозможува лесно и брзо менување на насоката на движење, нудејќи одличен комфор и продуктивност на терен.

Семенарна хоризонтален банер

Благодарение на своите компактни димензии, тракторот LOVOL P1025 има исклучително мал радиус на вртење, што го прави совршен за маневрирање во тесни простори, меѓуреди и околу препреки на спортските терени, заштедувајќи време и зголемувајќи ја ефикасноста. Работниот простор е ергономски дизајниран со прилагодливи контроли и удобно Grammer воздушно седиште кои значително го намалуваат заморот на операторот при подолга работа.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Тракторот LOVOL P1025 доаѓа со 3 години гаранција и целосна поддршка во и вон гарантен рок во нашиот високо опремен овластен сервис за сите застапувани брендови.

Спецификација за Трактор LOVOL P1025:

ferticrop baner
  • Моќност на мотор: 25 коњски сили
  • Тип на мотор: 3-цилиндричен Yanmar дизел мотор (Stage V)
  • Погон: На сите 4 тркала / 4WD
  • Управување: Хидрауличен волан
  • Менувач: Синхронизиран (Synchro shift) / Брзини: 8 напред, 8 назад
  • Кардан (PTO): Со 2 брзини: 540 и 1000 вртежи
  • Хидрауличен ситема: Проток од 24 L/min со двосмерни 2 сета хидраулични излези
  • Опрема: со заштитен рам (ROPS), топлинк, задна влечна кука, сет алат
  • Опции за гуми:
    • АГРИ: Предни 6.00-12 / Задни 8.3-20
    • ТУРФ: Предни 26×7.5-12 / Задни 10.5/80-18

Тракторот LOVOL P1025 со опција можност за инсталација на фабрички преден натоварувач.

Видео со тракторот LOVOL P1025:

LOVOL заедно со НАЈК ПРОМ, како генерален и единствен увозник во нашата држава, полека но сигурно го освојуваат македонскиот пазар со квалитет, перформанси и дизајн!

Во продажните места на НАЈК ПРОМ достапни на залиха и секаков вид на земјоделска приклучна механизација и машини од најквалитетните брендови за сите потреби на земјоделците.

Нудиме можност за плаќање до 60 рати преку банка со најповолни услови, исто така нудиме професионални консултации, изготвување понуди и помош при аплицирање за сите тековни програми и поддршки за земјоделците.

За информации за актуелната залиха, техничките спецификации, потребната моќност на тракторот и цените, тимот на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ ви стои на располагање.
Контакт Струмица:
034/523-513;  075/468-397; 075/256-468; 072/261-251
Контакт Битола:
075/212-768
e-mail: najkprom@live.com

НАЈК ПРОМ ДООЕЛ е компанија која успешно работи 20 години на нашиот пазар и професионално се занимава со трговија на големо и мало со продажба на трактори, земјоделска механизација, градежна механизација, мотоцикли, четирицикли и друго. 

Генерални и директни увозници сме на повеќе познати и реномирани брендови како LOVOL, ArmaTrac, POLARIS, INDIAN, AODES, LINHAI, KAYO, SHINERAY, SWM, LONGJIA, OKAY Ekonomic, Agrokun, Turan Tarim, Palazoglu, FPM и други.

Pneumatik baner

Поседуваме високо опремени и квалификувани сервиси во Струмица и Битола со кои вршиме овластено сервисирање на сите брендови во и вон гарантен рок, редовни сервиси, целосна подршка на терен со голем возен парк и квалификуван кадар да одговори на сите потреби во најкраток можен рок. 

Главна цел на тимот во НАЈК ПРОМ е давање на квалитетни производи и услуги кои одговараат на сите нормативни барања со што секогаш се грижиме за долготрајна и квалитетна соработка со нашите ценети клиенти.

petel baner

Разгледајте дополнително понудата на Најк Пром Дооел на нивнатата веб страна, Фејсбук, Инстаграм.

Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени. 

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img