Точкаста бегонија е позната и како „ангелски крилја“ поради нејзините стебла со долги листови кои наликуваат на крилја.
Точкаста бегонија прилично лесно се одгледува, за разлика од некои други видови бегонии. Најдобро е на топла, светла локација со просечна до натпросечна релативна влажност.
Поради прекрасните листови со точки, многу дизајнери ја вметнаа бегонијата во уредувањето на ентериерот. Точките никогаш не излегуваат од мода, а на ова растение, белите точки му даваат дополнителен шарм бидејќи се со различна големина, па не е ни чудо што неодамна стана толку популарно што сите го сакаат.
Оваа бегонија цвета на крајот на зимата и во рана пролет – во февруари, март и април.
Потребни ѝ се многу индиректна светлина и влажна почва богата со хумус, но не треба да се наводнува многу во текот на зимските месеци. Треба да се прихранува на секои две недели, од пролет до есен.
Не треба да ја чувате на директна сончева светлина, туку да ѝ обезбедите дискретна светлина.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.