Заштита на младиот расад од болести и штетници се врши секогаш превентивно.
Полегнувањето на расадот или топење (Pythium debarianum, Fusarium spp. ,Sclerotinia spp., Phythophtora spp., rhisostonia solanum и др.) , тоа се габични заболувања кои најчесто се појавуват во расадот во топли леи кај пиперката, доматата, краставицата и др. култури но Pythium debarianum е најчест причинител за полегнувањето, топењто на расадот. Се пренесува преку растителни остатоци, како и во густ склоп од расадот. Габата го напаѓа приземниот дел од стеблото кој добива кафеава боја потоа омекнува и брзо пропаѓа, гние а растенијата брзо овенуваат и угинуваат. Болеста се пренесува и на здравите растенија а во леата се појавуваат голи‐празни места. На појавата на ширењето на болеста делува облачното време, зголемена влажност на почвата и на воздухот. Најосетлива појава на болеста е во фазата на поникнувањето и се препорачува превентивна заштита со дезинфекција на семето со фунгициди, проветрување на леите и умерено поливање.
За успешна заштита исто така се користат и препаратите Previcur 607SL, Rival 607SL, со активна материја (propamokarbhidrohlorid), се користи за поливање на леите после сеидба потоа по поникнувањето на растенијата, пред расадувањето на стално место и заливање после расадувањето. Се користи во концентрација од 0,15 до 0,20% (15‐20ml препарат на 10 l. вода). Со птрошувачна на расадените растенија од 200 ml припремен раствор по растение. Исто така може да се додава и преку системот за наводнување капка по капка. Освен превентивните мерки за заштита пред појавата на симптомите на заболувањесе заштитува или прска на секој 7‐10 дена до изнесувањето на расадот на стално место. Се користат различни препарати Bakaren oksihlorid 50, Cuprozin 35VP, Funguran‐OH, Cuprablau Z.
Во текот на одгледувањето на расадот можна е и појавата на вирусни заболувања. Се појавува мозаично шаренило, хлороза и деформација на листовите. Густиот склоп на растенијата во расадот – леата овозможува ширење на истиот а се пренесува по пат на допир или лисни вошки. Дезинфекција на семето се врши кај пиперката со 2% раствор од каустична сода (NaOH) во траење од 10 мин. или кај семето од домата во 2% раствор од солна киселина (HCl) во текот на 24 часа се врши целосно обеззаразување. И во двата случаи семето после дезинфекцијата треба темелно да се испере со вода да се просуши и веднаш посее што значи битни мерки за сузбивање се да се створат оптимални услови за поникнувањето и на веке поникнатиот расад за одгледување и да се третира како што напомнавме со фунгициди Превикур, Блаувит, Дитан М‐45, Цинеб S‐65. Еве неколку напомени многу битни работи околу заштита на расадот: Сеидбата треба да се врши во дезинфицирани субстрати, во контејнери или чашки, да се почитуваат условите на производство како температурните услови ,светлост, влажност на субстратот и воздухот. Во контролирани услови на одгледување на расад треба да се внимава на следното:
Контејнерите доколку се користени да се потопат во 10% раствор од варакина во траење од 30 мин. ‐ После добивањето на првиот пар од листови треба да се полијат со препаратот на база активна материја (propamokarb‐ hidrohlorid), Previcur во количина од 15‐25ml на 10 l вода ‐ После 7 дена да се третира преку листот или фолијарно со следните фунгициди на база Манкозеб (Ditan M‐45, Mankozeb, Mankogal) потоа со Bravo 720 на база hlortalonil и на база propineb(Antrakol). ‐ Доколку се произведе расад постар од 30 дена (пиперка, домата) може да се истретира со еден од бакарните препарати на база бакарен оксихлорид или бакарен хидроксид ‐ При појава на инсекти да се истретира со инсектицид пример: Aktara, може и со поливање 3гр. во 10л. вода како и со Confidor, Mospilan и други. ‐ Во случај на појава на грињи или пајак да се употреби Vertimec, Demitan или Apollo. ‐ Пред изнесувањето на стално место обавезно да се полие со раствор од препаратот на база Propomokarb‐hidrohlorid во количина од 15‐25 ml на 10 л.вода плус да се додаде еден од препаратите на база Benomil (Benlate 50WP, Benomil WP50) во количина од 8‐10 грама на 10 л. вода ‐ Поради заштита од инсекти неколку дена пред расадувањето на стално место препорачуваме да се полие расадот со раствор од (Actara 25WG) 3gr. на 10 l вода како и Confidor од 3‐5мл. 10 литри вода кои ефикасно ги сузбиват инсектите за пњериод од 10‐14 дена. ‐ При расадувањето за сузбивање на земјишните инсекти(Ровци, ларви од жичани црви,грчици) се употребува еден од земјишните инсектициди. Погоре наведените препораки се само дел околу заштита на расадопроизводството , но доколку се појават а обично се појавуваат некои проблеми а кои погоре не се наведени и поради успешното решавање на дел од истите ви препорачуваме да исконтактирате со стручните служби кои секогаш ви стојат на ваше располагање, со советодавни услуги, стручно пратење на призводството на расад и воопшто во текот на целото производство.
Дипл. инж. агр. Стојан Глигоров