домаАгро ВестиХрватска и Грција меѓу најголемите корисници на фондовите на ЕУ

Хрватска и Грција меѓу најголемите корисници на фондовите на ЕУ

Pneumatik baner

Хрватска и Грција се најголемите корисници на средства од фондовите за кохезија и заедничката земјоделска политика на Европската Унија, покажува истражувањето на германскиот Институт за економија (IW).

Според податоците, Хрватска била водечкиот нето-примател на средства од Кохезиониот фонд, со 2,45% од нејзиниот бруто национален доход. По неа следат Словачка со 2,06%, Унгарија со 1,77%, Летонија со 1,76% и Бугарија со 1,39% од БНД.

Семенарна хоризонтален банер

Целта на Кохезиониот фонд е да поттикне рамномерен развој во земјите членки на ЕУ. Како дел од солидарноста со помалку развиените региони, сите членки на ЕУ уплаќаат во овој фонд пропорционално на нивната економска сила, а средствата се користат од помалку развиените земји.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Во 2023 година, трошоците на ЕУ за кохезионата политика забележаа намалување по вторпат последователно, што според Институтот (IW), може да се припише на престанокот на исплатите од претходниот повеќегодишен буџет и започнувањето на трошењето од новиот.

Во однос на фондовите на ЕУ за земјоделство, кои се дел од Заедничката земјоделска политика, Грција била најголемиот корисник, со повлекување на средства што изнесуваат 1,05% од нејзиниот БДП. Следат Бугарија, Литванија, Летонија и Унгарија како значајни корисници.

Тигар лого гиф

Заедничката земјоделска политика на ЕУ се спроведува преку Земјоделскиот гарантен фонд и Европскиот земјоделски фонд за рурален развој.

Дополнително, Грција, со 1,31% од БДП, била пропорционално најголемиот корисник на средствата од „ЕУ Следната генерација“ (NextGenerationEU), по која следат Португалија и Хрватска, со по 1,2%.

petel baner

Преку овој фонд, земјите членки можат да добијат неповратни заеми за реформи, инвестиции и решавање на економски и енергетски предизвици.

Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img