домаАгро ВестиЈавен повик за набавка на трактори

Јавен повик за набавка на трактори

Pneumatik baner

Трактори набавка јавен повик – Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува со континуираната поддршка за модернизација на земјоделскиот сектор.

Објавен е јавниот повик бр.04/2025 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година, наменет за модернизација на земјоделските стопанства преку набавка на трактори.

Семенарна хоризонтален банер

Мерка 121.8 – Набавка на трактори

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

          •        Максимална поддршка по корисник изнесува 600.000 денари;

          •        Поддршката се исплаќа на годишно ниво според реализацијата на деловниот план;

          •        Јавниот повик се однесува исклучително за набавка на трактори – приклучната земјоделска механизација не е покриена;

Право на користење на средствата имаат земјоделски стопанства кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

Земјоделци кои во претходните десет години користеле финансиска поддршка за набавка на трактори преку ИПАРД Програмата или Националните програми за рурален развој, не се прифатливи како корисници на оваа мерка.

Тигар лого гиф

Крајниот рок за доставување на барањата е 07.07.2025 година.

Преку поддршката на инвестициите за модернизација се придонесува кон зголемување на конкурентноста и продуктивноста во земјоделскиот сектор.

petel baner

Трактори кој сака да купи објавен е јавниот повик не чекајте да аплицирате до последен момент навремено соберете си ги документите.

Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img