домаОд соседитеСрбија го забрани увозот на кози и овци

Србија го забрани увозот на кози и овци

Pneumatik baner

Србија го забрани увозот на кози и овци. Министерството за земјоделство на Србија донесе наредба за забрана за увоз на домашни и диви овци и кози со цел да се спречи внесување, ширење, појава и сузбивање на заразната болест чума на мали преживари (ППР).

Во наредбата објавена на веб-страницата на ова Министерство, се наведува дека е забранет увозот и транспортот низ земјава, вклучувајќи месо, месни производи и млеко со потекло од овие животни, пишува Политика.

Семенарна хоризонтален банер

Забраната се однесува на пратки кои потекнуваат од земји во кои постои сомневање или потврда за оваа инфекција.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Чумата на ситните преживари, како што соопштија од Ветеринарната управа, е сериозно заразно заболување кое ги погодува овците и козите, предизвикува висока температура, воспаление на слузницата на устата и носот, отежнато дишење и дијареа, а може да биде фатална, особено за невакцинирани животни.

Тигар лого гиф

Се шири преку директен контакт со заразени животни, преку контаминирана храна и вода, но и преку воздухот, а вирусот е многу заразен и може да се пренесе преку директен контакт со заразени животни, преку контаминирана храна, вода и секрет од респираторниот тракт.

Грчките власти вложуваат големи напори ситуацијата да ја држат под контрола, свесни дека доколку болеста ескалира може да биде загрозено производството на сирењето „фета“, кое на производителите, но и на државата им носи голем економски профит.

petel baner

Регулативите на ЕУ наведуваат дека доколку се открие случај на болеста кај кое било стадо, тоа мора да се уништи и да се дезинфицираат погодените области, вклучително и фармите. Заразата предизвика огромна штета на сточарите во Грција и Романија, а Хрватска го забрани и увозот на преживари.

Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img