Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

23.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

More

    Костен

    petel baner

    Костен

    Одгледување на костен

    Во Македонија питомиот костен е распространет на неколку локации и тоа: во Дебарско – Струшкиот регион. Гостиварско – Тетовскиот. Кичевскиот регион, Битолско – Прилепскиот регион, на Скопска Црна Гора и во други региони во источниот дел на Македонија.

    Иако костенот е значајна култура и неговото одгледување е доста рентабилно и ефикасно, кај нас одгледувањето е крајно занемарено и се среќава само во спонтани природни популации по региони.

    Питомиот костен бара повеќе топлина и светлост. Бара изедначена температура, слабо поднесува големи амплитуди и не поднесува варовити, премногу тешки, непропустливи и премногу влажни почви.

    Питомиот костен бара кисела почва (рН 4,5-6), длабоки и умерено влажни почви.

    Доволно богати со хумус (шумски кисел хумус) и минерални материи, особено калиум и железо. Костенот е еднодомно растение, машките цветови се во долги цилиндрични реси и стојат во основата на листовите. женските се по два-три и се сместени при основата на машките

    Костенот цути во јуни и јули, автостерилен е.

    Поленот се пренесува со ветер и со инсекти. Дава изобилен нектар и цути кога другите овошни видови одамна се прецутени и како таков пчелите многу го посетуваат. Плодовите од костенот созреваат на крајот на октомври. Тие се транспортабилни, лесно манипулативни и може да се чуваат долго време.

    Чување и употреба на костенот

    Плодовите се чуваат на студено место на температура од 0°С и релативна влажност од 85% и при вакви услови може да се чуваат до април. Плодот од костенот има голема биолошка вредност. Костенот содржи скроб 38-42%, шеќер 22- 29%. масти 3-7%, белковини 5-6%, витамин С, калциум, калиум. железо и др. корисни материи.

    Костен
    Квалитетни лодови од костен

    Плодовите може да се користат за свежа употреба. но и во разни видови кондиторски производи. Од лушпата на плодовите и листовите се добиваат танини кои имаат значење и во фармацевтската индустрија.

    Размножување

    Питомиот костен се размножува генеративно со семе и вегетативно, со изданоци – калемење. Калемениот костен многу порано прородува и дава поквалитетни и покрупни плодови.

    Калемењето се врши со спојка, а исто така и под кора.

    Калемениот костен прородува во 3-4 година, а периодот на полна родност настапува околу 15-тата година.

    Подготовката на земјиштето за подигање нов насад од костен е слична како и за другите овошни култури. Претходно теренот треба да се исчисти од крупни камења. од жбунови, од жили од претходни растенија и др. Потоа се пристапува кон риголување на длабочина 60-80 см. Површината се израмнува за да потоа се изврши орање и подготовка за садење. Садењето се врши во дупки со длабочина 70-80 см.

    Во текот на садењето кореновите жили се прекратуваат за 1/3 и се потопуваат во балега од прегорен гној, земја и вода. Добро е да се додаде и по 2 кг (МРК 0:15:30) ѓубриво кое не треба да биде во директен контакт со кореновите жили.

    Ако се сади во есен, садниците не се залеваат со вода, туку околу стеблото се нафрла земја со висина од 15 см и така се остава до пролет.

    Agrobot

    Ако садењето се врши во пролет, околу секоја садница се прави чинија и се полива со 8 – 10 литри вода. Кога водата ќе се впие, чинијата треба да се покрие со ситна земја или арско ѓубре со дебелина 4-5 см

    Садниците при садењето се прекратуваат, а понатаму резидбата е незначителна и се сведува на механичко чистење и насочување на круната која би требало да биде во форма на пирамида. Изданоците кои потеруваат потребно е редовно да се чистат.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Бројот на стебла на хектар се движи од 120 до 150 броја. а приносот се движи од 3 до 5тони на хектар.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на земјоделе.мк

    Доколку продавате,купувате нешто или сакате да прочитате повеќе за Земјоделието посетете ги Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img