Убава вест за жителите од Осоговието.
На Пониква денеска министерот за животна средина Нуредини Насер го објави овој предел Осоговски планини за заштитена зона и изјави:
Го заштитуваме богатиот биодиверитет и пределската разновидност, но отвораме и нови можности за одржлив развој на локалната економија. Осогово е посебно од повеќе аспекти, вековната интеракција меѓу човекот и природата резултира со појава на уникатни предели, а мотото на кампањата ‘Осогово – и лично и различно’, што го следеше процесот на прогласување за заштитено подрачје, тоа најдобро го покажува. Денеска можеме да видиме што значат инвестициите во еко-системите и како од тоа корист имаме сите“,
Јавноста со нетрпение очекува кога оваа судбина на заштитени подрачја ќе ја дочекаат и Водно, Матка, Студенчишко Блато како и можеби најубавата и највоспеана планина во Македонија а тоа е ШАР ПЛАНИНА.
Овие чекори кон зачувување на животната средина единствено штета ќе нанесат на криминалците и дрвокрадците. Локалното население што живее во руралните средини и тоа како ќе има бенефин од овие мерки бидејќи ќе се овозможи забрзан пристап до голем број на фондови што нудат еколошки развој како и нови моменти за туристичко промовирање на овие предели.
А да не заборавиме дека најблагодарна ќе ни биде природата и животните што живеат во овие прекрасни предели на Македонија.
Како и да е одличен потег. Осоговските планини стануваат заштитена зона.
И не заборавајте ШАР ПЛАНИНА НЕ ТРЕБА МНОГУ ДА ЧЕКА НА БИРОКРАТСКИ ОДЛУКИ.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.