Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

19.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаАгро ВестиПтичји грип на германски и јапонски фарми - Кина го прекинува увозот

    Птичји грип на германски и јапонски фарми – Кина го прекинува увозот

    petel baner

    Во Германија, вирусот е пронајден на фарма со 9000 гуски, а 1,16 милиони кокошки биле еутаназирани на фарма во Јапонија. Кина го прекинува увозот од Ирска, поради откривањето на овој вид на вирус (птичји грип) кај лебеди.

    птичји грип

    Птичјиот грип продолжува да се шири низ целиот свет, а најновите вести за инфекцијата доаѓаат од Германија, каде е регистрирана епидемија на грип во провинцијата Саксонија на Божиќ, на 25 декември. Погодена е фарма со 9000 гуски во селото Грими во областа Лајпциг. Според локалното Министерство за здравство, ветеринарите веднаш наредиле еутаназија на живината.

    „Сите сопственици на животни сега мора да ги почитуваат сегашните прописи за да спречи ширење на вирусот“, предупреди саксонската министерка за здравство Петра Копиг, додавајќи дека е предизвик да се соочи со трета криза по пандемијата на коронавирусот и африканската свинска треска.

    Досега вирусот е пронајден само кај една дива птица во покраината.

    Претходно беше пронајден на фарма со мисирки во Долна Саксонија и беше утврдено дека станува збор за вирусот H5N8. 13.000 животни биле заразени, а потоа биле еутаназирани.

    Во Јапонија еутаназирани 1,16 милиони кокошки заради птичји грип

    Ден претходно, на 24 декември, околу 1,16 милиони животни беа убиени на фарма за пилиња во Јапонија.

    Agrobot

    Според информациите, фармата се наоѓа во градот Исуми, источно од таа земја, а вработените откриле дека околу 220 кокошки умреле ден претходно, по што веднаш биле известени локалните власти. Од Министерството за одбрана беше побарано да помогне во еутаназија на животните.

    Тоа е 32-та појава на оваа болест во Јапонија во текот на оваа сезона. Досега, тамошната влада нареди успивање на повеќе од 4,6 милиони кокошки.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    птичји грип

    Кина го прекина увозот на живина од Ирска

    Кина забрани увоз на живина од Ирска заради вирусот H5N8, се вели во соопштението на Генералната царинска управа. Трговскиот потег, кој е на сила од 25-ти декември, беше преземен за да се заштити добитокот во земјата, се вели во соопштението.

    Покрај тоа, оваа држава извести за откривањето на овој вид на вирус кај лебедите во северната провинција Шанкси.

    За најнови информации од областа на земјоделието посетете ја рубриката Агро вести, како и социјалните мрежи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img