Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

12.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

More
    домаАгро советиКвалитетна резидба - квалитетен режач

    Квалитетна резидба – квалитетен режач

    petel baner

    За квалитетна резидба потребен е квалитетен режач.

    Знењето и искуството на режачот е од пресудно значење за правилна и квалитетна резидба на лозјето.

    Ако на резидбата работат неискусни режачи ќе се појават бројни проблеми кои ќе се одразат во текот на долг низ години во однос на приносот на грозјето.

    Препорачливо е резидбата да ја прават професионалци во својата работа освен во дворовите каде што секој домаќин може сам да си го дозволи тоа задоволство сам да си го крои грозјето.

    Земјоделците со поголеми површини лозови насади, резидбата ја почнуваат порано,најчесто во почетокот на декември.

    Лозата орежана порано т.е наесен, порано ја започнува вегетацијата.

    Во локалитети и кај сорти каде постојат услови за измрзнување поради ниски зимски темеператури и ризик од доцни пролетни мразеви, се препорачува
    резидбата да се изврши во периодот на крајот на февруари и почетокот на март. За време на резидбата се одстрануваат 90% од ластарите. Иако со резидбата се создаваат одредени рани на лозата. Резидбата преставува неопходна ампелотехничка мерка со која се регулира порастот и родноста на лозата. Со резидбата се остава само одреден број на родни окца што одговара на кондицијата на лозата, условите на средината, при што се
    регулира родноста и квалитетот на грозјето. При резидбата најпрво се отстрануваат болните oштетените и стари органи. Со ова лозата се регенерира, а со тоа се продолжува и векот на виновата лоза. Со оваа значајна ампелотехничка мерка се овозможува и правилен распоред на надземните органи.

    Едногодишните зрели ластари имаат важна улога, бидејќи на нив се наоѓаат родните окца. Во зависност од еколошките услови, применетата агротехника и агробиолошките својства на одглегуваните сорти винова лоза, на лозата ѝ се дава одреден облик со примена на разни начини на резидба.
    Кај нас најчесто применуван е (мешовит) Двокрак Гиов начин на резидба

    Лозата при овој начин на резидба во полна родност има два крака и на секој
    крак се остава по еден краток кондир за замена и по еден лак за род. При
    редовната резидба се острануваат лаковите кои донеле род во претходната
    година, повисоко поставените ластари на кондирите се режат на лакови од 6 до 12 окца во зависност од сортата, а пониско поставените ластари на кондирите, се
    прекратуваат на кратки кондири, најчесто на две окца.

    Дебелината на лакот најдобро е да изнесува од 8 до 12 милиметри. На оставените кондири ќе израстат ластари кои ќе послужат за замена на лаковите кои донеле род.

    Ако во насадот постојат заразени лози од вируси и фитоплазми кои се претходно обележани обавезно таквите лози се кројат последни во насадот и ластарите се изнесуваат и запалуваат.

    Agrobot

    Пред да се почне со резидба, алатот кој се користи (ножици и пили)
    потребно е да се дезинфицира со чист алкохол, а секако и да се наостри.
    Резидбата на виновата лоза се обавува рачно или машински.

    Рачната резидба се
    извршува со ножици (макази).

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Механизираната резидба се извршува со
    пнеуматски и електрични ножици со што се намалуваат трошоците, а се зголемува квалитетот на резидбата.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img