Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

17.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

More
    домаАгро ВестиВетеринар - племенита професија

    Ветеринар – племенита професија

    Ветеринар – професија која постои многу одамна. Потребата за професионалци кои знаат како да се третираат животните се појави од кога човекот почна да ги скротува животните. Во современото општество професијата ветеринар и тоа како е потребна и важна. Да не заборавиме дека колку што се важни докторите кои што ги лекуваат луѓето подеднакво важни се и ветеринарите.

    Здравјето на животните е од огромно значење за опстанокот на човекот. Бидејќи доколку животните се болни и умираат истото го чека и човекот бидејќи се поврзани.

    Првите ветеринарни училишта постоеле уште во антиката а на позначајно ниво здравјето на животните почнува да се изучува во средниот век.

    Главна задача на ветеринарите е грижата за здравјето на животните и тоа го прават преку превентивни совети, прегледи, лекувања, операции … а помагаат и при стопанското одгледување на животните со стерилизација, кастрација, оплодување, вакцинирање и слично.

    Ветеринарите се вкулчени и во контролана опасните хемикалии кои што можат да навлезат во мешавината на храна за животните и вршат мониторинг над прехранбените производи (млеко, месо, јајца, риба и др.)

    Секое Село си има свој ветеринар и секој сточар како што има матичен лекар така си има и свој ветеринар. Ветеринарите се луѓе што најмногу ги познаваат проблемите и маките со кои се сретнуваат луѓето од руралните средини.

    Во последно време многу ветеринари работат по градовите бидејќи луѓето што живеаат во градовите почнаа дачуваат домашни животни. Во неформален разговор со ветеринарите на шала велат дека повеќе домашни животни има по градовите одколку по селата.

    Пред да одлучите кој ветеринар ќе ви биде ваш матичен треба добро да размислите бидејќи како што е важно вашето здравје така е важно и здравјето на животните.

    Еден голем поздрав до ветеринарот од општина Чашка Димче Домазетовски

    Димче Домазетовски

    Огромна благодарност на ветеринарот Димче Домазетовски.

    Доколку имате потреба од ветеринар можете да го добиете во неговата ветеринарна амбуланта.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Создадени нови видови домати во Јапонија и Англија
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Тестиси – бели бубрези
    spot_img
    spot_img
    spot_img