Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

21.8 C
Skopje
Wednesday, April 24, 2024

More
    домаАгро ВестиЦЕНУРОЗА КАЈ ОВЦИТЕ

    ЦЕНУРОЗА КАЈ ОВЦИТЕ

    petel baner

    Ценуроза кај овците преставува паразитска болест која се јавува најчесто кај младите овци но може да се јави и кај другите врсти на животни (крави,свињи,коњи) исто така може да се појави и кај луѓето.

    Причинителот е Coenesus Cerebralis кој преставува ларвена форма на Tenia Multiceps. Поради карактеристичните симптооми на неконтролираното движење на ова заболување кај народот се вика уште и Брливост кај овците.

    Во ширењето на оваа болест најголемо значење имаат  кучињата носители на тенијата Teania Multiceps и која во нив може да живее неколку години.

    Преку изметот овие кучиња дневно исфрлаат и до 1000 јајца на паразитот, кој се многу отпорни во надворешната средина. Во најголем процент се инфицирани овчарските кучиња бидејќи имаат најголема можност да ги изедат меурите на ценерусот од угинатите овци или фрлените глави на закланите овци.

    ЦЕНУРОЗА КАЈ ОВЦИТЕ

    Нај приемчиви се јагнињат од 1-2 до 7-8 месеца возраст.

    Coeneris Cerebralis се состои од сколекс и два реда на хитински кукички изгледа како меур во кој се наоѓаат главите (од 100 до 300) исплонети со течност, меурот е прозирен.

    Церуроза кај овците најчесто се сместува во мозокот.

    Младите овци се заразуваат на пашата. Пасат трева или лижат земја во која се наоѓа измет од преносителите во кој се наоѓаат јајцата на причинителот (кучиња,лисици,мачки).

    Ценурусот бргу се развива кај младите животните. После 14 дена достигнува големина на зрно просо, а после 45 дена расте и до 3 см во радиус.

    После 2-3 месеца ларвите стигнуваат во мозокот. Кортексот и кранијаните коски постануваат танки што е резлултат на внатрешниот притисок и ткивото на мозокот атрофира. Активноста на виталните органи е намалена.

    Нервниот систем е оштетен.

    Клинички знаци на оваа болест се :

    • Чкрипење со забите
    • Овцата стои на едно место
    • Пореметена кординација на движењето, пареза на екстремитетите
    • Паѓање на една страна
    • Вртење во круг према онаа страна каде што се наоѓа меурот
    • Губење на видот и угинување.

    Лечењето се изведува со хирушка интервенција, се трепанира местото каде што се наоѓа паразитот и се вади целиот меур.

    Agrobot
    Успешна операција на ЦЕНУРОЗА изведена од ветеринар Димче Домазетовски

    Превентивни мерки за појава на оваа болест се дехелментизација на кучињата на секој три месеци, со цел да се спречи ланецот на пренесување на оваа болест.Закопување на главите на закланите и умрени овци од оваа болест.

    Огромна благодарност на ветеринарот Димче Домазетовски.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Доколку имате потреба од ветеринар можете да го добиете во неговата ветеринарна амбуланта.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img