Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

11.8 C
Skopje
Thursday, March 28, 2024

More
    домаАгро ВестиАнтракс опасна болест кај животните

    Антракс опасна болест кај животните

    petel baner

    Антракс е септикемично заболување на голем број тревопасни домашни и диви животни. Во Медитеранскиот басен од Антракс заболуваат овците, козите, коњите и говедата, а поретко телињата и свињите.

    Антракс кај овие животни се карактеризира со бројни крварења, зголемена и мека слезина, како катран црна крв која тешко се коагулира, хеморагични едеми под кожата, мукозата, како и со ексудат во сите серозни празнини.

    антракс

    Низа фактори дејствуваат во формирањето на епизоотиолошките карактеристики на антраксот. Пред се, тоа е способноста на антраксниот бацил во надворешната средина да создава спори кои се мошне отпорни на дејствувањето на надворешната средина. Овие спори, при поволни услови, можат да преживеат во почвата и по неколку десетина години, со што се вбројуваат во групата на таканаречените „почвени” инфекции. Крупниот добиток се заразува на пасиштата каде што се наоѓаат антраксните спори, на заедничките поила, како и преку растенијата. За ширењето на инфекцијата меѓу животните значајни може да бидат и некои инсекти кои цицаат крв, како што се: комарци и некои видови муви.

    Примарен извор на зараза кај заболените животни се нивните излачувања: фецес, млеко, потоа мршите на умрените животни заболени од антракс, парчињата месо на принудно закланите животни и разните суровини како што се: кожа, влакна, коски и крв. Секундарен извор на зараза се: контаминираната храна со антраксни бацили, контаминираната вода, почвата од каде што спорите го контаминираат сеното и тревата.

    Извор на зараза може да бидат и мршите на животните умрени од антракс, кои не се закопани според прописите, па ги разнесуваат лешинари како: кучиња, орли, волци и други животни и птици.

    Инкубацијата на болеста е околу 1-7 дена, најдолго 14 дена.  Во перакутниот тек на болеста доаѓа до мозочна апоплексија и брзо угинување, а се јавува кај овци и говеда. Може да се забележи тетурање на животното и крварење од природните отвори и крв во урината.
    Животното е вознемирано, рика, има грчеви, шкрта со забите, се тетура, апатично е, се тресе и има зголемени лимфни јазли. Акутниот тек трае околу 2-24 часа (2-5 дена).  Антраксот кај говедата понекогаш се забележува и како локална инфекција и тоа со промена на кожата, цревата, грлото, односно белите дробови. Овците и козите се многу поприемчиви на инфекција во однос на говедата, па кај нив нема локализиран облик  на болеста. Текот на болеста е еднаков како и кај говедата освен што е побрз, а знаците се: висока температура, вознемиреност, треска, паѓање на земја, чкрипење со заби, уринирање, крвава столица и на крајот угинување.

    Кај овци и кози антраксот најчесто завршува со брзо угинување.

    Профилакса

    Agrobot

    Најважно средство во профилаксата на антраксот кај животните е вакцинацијата со висококвалитетни вакцини. Во регионите каде што има случаи на антракс, вакцинација се врши секоја година, на есен. Во случај на епизоотија кај животните, вакцинацијата се применува како противепизоотиска мерка и се вакцинираат сите домашни животни чувствителни на антракс. Вакцината се аплицира строго s/c, во подрачје на вратот (коњи), опашниот набор (говедо) или на внатрешната страна на бутот (овци, кози, свињи). Животните се вакцинираат еднаш годишно, а во антраксните дистрикти два пати годишно, 14 дена пред паша и  14 дена пред зимска исхрана. Не се вакцинираат високогравидни животни, телиња под  6 месеци, прасиња и јагниња под  3 месеци старост. Кога болеста ќе се појави се забранува колење и трговија со животни.

    Огромна благодарност на ветеринарот Димче Домазетовски.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Доколку имате потреба од ветеринар можете да го добиете во неговата ветеринарна амбуланта.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img