Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

19.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаАгро ВестиМлечни крави - ладното време им одговара?

    Млечни крави – ладното време им одговара?

    petel baner

    Млечни крави – што е поголемо производството на млеко, на кравите повеќе им одговара ладното време.

    Во периодов на студено време што го зафати нашево поднебје но во текот на зимските месеци температурата внатре во шталите е посебно важна од неколку причини:

    Оптмалните микробилошки услови во одгледувањето на млечните крави во шталите и фармите преставува еден од основните услови за рентабилно производство на млеко.

    Температурата, влагата и концентрацијата на гасовите се параметри кои фармерот треба да ги контролира и да ги држи во распонот на дозволените граници во целиот објект.

    Кога станува збор за млечни крави нема место за голема грижа бидејќи кравите се повеќе осетливи на високи отколку на ниски температури. Сепак особено важна е исхраната, влажноста на просторијата, вентилацијата и одржувањето на хигиената на машините за молзење.

    Идеален температурен опсег е од -10 до +20 степени целзјусови

    Од особена важност е и староста на млечните крави во шталата.

    Во принцип од теле до крава во лактација со оптимална влага во воздухот од 65-70 проценти посакувана температура е од 5 степени до 24 степени.

    Кога староста е во пршање ова се идеалните температури

    1. телиња со старост до 3 недели: 15 до 24 степени и сува простилка
    2. телиња од 3 до 10 недели 13 до 24 степени
    3. телиња од 10 до 24 недели 10 до 24 степени
    4. грла кои се во високо производни и најпродуктивни за нив препорачлива температура е од 5 до 10 степени.

    Надворешните температури и те како влијаат на температурите во шталите бидејќи ретко кои штали во Македонија имаат регулација на внатрешната температура.

    Кај млечните крави кои даваат до 30 литра млеко загриженост во овој пеирод не би требало да има бидејќи имаат релативна висока отпорност кон ниски температури и не би требало да влијаат на нивната млечност и до -16 степени.

    Сувиот и ладен воздух ако нема дирекна промаја и во комбинација со мала релативна влажност на воздухот во шталата позитивно влијаат на млечните крави што се високо продуктивни.

    Проблеми може да настанат кај неадекватно заштитена опрема за молзење во комбинација со релативна висока влажност и замрзнување на силажата на која површинскиот слој неретко знае да замрзне.

    Да се заштити опремата и храната од смрзнување

    Ниските температури може да направат проблеми на незаштитената опрема, поилици, мозилки кај кои особено после миењето може да дојде до смрзнување и настанување на штета.

    Agrobot

    Сушење после миењето потребно е правилно складирање, сместување на музалките и другата млекарска опрема која мора да се заштити од минусните температури.

    Исто така во никој случај не треба да се дава заледена силажа на кравите. При минусни температури доаѓа до смрзнување на површинскиот слој и до 20 сантиметри.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    При вакви временски прилики пожелно е храната што се планира да им се даде на кравите претходниот ден да се стави во потопли простории за да се заштити од смрзнување.

    Најлошо можно сценарио во една штала се: ниски температури, висок процент на влага и промаја. Во овој период од особено значење е и редовна промена на простилките за да бидат чисти и суви.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img