Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

21.8 C
Skopje
Tuesday, July 5, 2022

More
    домаАгро ВестиЧашка општина во срцето на Македонија

    Чашка општина во срцето на Македонија

    Чашка како општина зафаќа површина од 825 км² и се вбројува меѓу трите најголеми општини во Македонија. Соседни општини со кои се граничи се од исток со Велес и Градско, од север со Зелениково и Студеничани, од запад со Македонски Брод и Долнени и на јужниот дел со Прилеп и Кавадарци.

    Седиштето на општината се наоѓа на надморска висина од 275 м, населба Чашка.

    Општина Чашка се карактеризира со мошне сложен релјеф, составен од повеќе морфолошки и тектонски целини. Подрачјето претежно е ридско- низинско, освен делот каде се наоѓа масивот на Јакупица, кој е изразито планински. Масивот на Јакупица го сочинуваат петте маѓусебно поврзани планини: Јакупица, Даутица, Караџица, Голешница и Китка. Целата таа атрактивност на пределот го дополнуваат и реките Бабуна и Тополка. По течението на овие реки се простира алувијална рамнина настаната како резултат на наносите на реките која е многу плодна.

    Покрај реките Бабуна и Тополка како природен ресурс е и новоизградената брана Лисиче.

    Највисок врв е Солунска Глава со 2540м.

    На територија на општина Чашка се вкупно 42 населени места се и тоа :

    Чашка, Војница, Раковец, Дреново, Отиштино, Бањица, Бусилци, Голозинци, Горно Врановци, Мелница, Лисиче , Ново Село, Крива Круша, Крајници, Еловец, Витанци, Горно Јаболчиште , Долно Јаболчиште, Извор , Долно Врановци, Оморани, Мартолци, Владиловци, Крнино, Попадија , Поменово, Степанци, Смиловци , Стари Град, Богомила, Капиново,Плевење, Бистрица, Теово,Согле, Ореше, Нежилово , Папрадиште, Црешнево, Ораов дол, Габровник, Мокрени.

    На висина на надморска висина од 300 метри, во месноста на Длабок дол, во близина на селотот Долно Врановци во Општина Чашка е одбележан центарот на Македонија.

    Географскиот центар на Македонија се наоѓа во еколошки најчистиот предел на државата, покрај реката Бабуна , недалеку од Мелничка планина и врвот Вртешка. Од селото Стари град е оддалечено само2км , по тешко прооден пат.

    Климатските карактеристики на општината се доста различни. Високите планини преку целата година се покриени со снег додека во рамничарскиот дел во летниот период владее несносна висока температура. Климата е континентална со мало влијание на суб-медитеранска, која продира по долината на реката Тополка. Врнежите се мали, претежно во есенските и зимски денови, а летата се топли и суви. Ветрови се јавуваат од сите правци, меѓутоа преовладуваат од северен и северозападен правец.

    И ветеринарот Димче Домазетовски својата амбуланта ја има во општина Чашка.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Росоман
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...На Европа и недостасува шеќер?
    spot_img
    spot_img
    spot_img