Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ВестиЕК ќе поддржи приватно складирање свинско месо?

    ЕК ќе поддржи приватно складирање свинско месо?

    petel baner

    Цените на свинското месо се многу ниски, па земјите-членки на ЕУ бараат поддршка. Затоа ЕК ќе поддржи приватно складирање свинско месо? Кои се последиците?

    Европската комисија не ја исклучува можноста за воведување помош за приватно складирање свинско месо. Ова беше речено на овонеделната неформална видео конференција на министрите за земјоделство на ЕУ. 

    Otkup na kompiri

    Јанус Војчеховски , комесар на ЕУ за земјоделство, откри дека многу земји-членки бараа ваква форма на поддршка за многу ниски цени на производство за овој вид месо. Сепак, тој предупреди и на можни последици. Според Agrarheute , тој најмногу се плаши дека субвенционираните акции ќе го отежнат последователното закрепнување на пазарот. 

    agrounik

    Имено, тој рече дека од јануари до декември минатата година, ЕУ успеала да го зголеми извозот на свинско месо во трети земји од 3,5 на пет милиони тони, во споредба со претходната година. Но, африканската свинска чума во Германија доведе до забрана за увоз на свинско месо од таа земја во Кина. Ова доведе до голема криза за целиот европски пазар. 

    Полските фармери за ова протестираа пред извесно време

    Да се ​​потсетиме на протестите во Полска каде земјоделците сакајќи да докажат колку свињи доаѓаат од Германија во таа земја дежурале на границите ноќе и броеле камиони кои превезувале живи свињи за колење.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Војчеховски на состанокот истакна дека постои структурен проблем предизвикан од понекогаш многу голема концентрација на одгледување свињи во некои земји-членки. Како пример, тој ја спомена Данска, каде просечното стадо е 3.700 од овие животни по одгледувач на свињи. Додека пак во Романија бројот е скоро неспоредлив – само четири свињи по одгледувач. „ Не е лесно да се најде решение што е соодветно за вас “, рече тој.

    Ова не би била прва ваква поддршка предизвикана од пандемија. Во мај минатата година беа спроведени такви мерки за приватно складирање на обезмастено млеко во прав, путер, одредени сирења, свежо или смрзнато говедско, овчо и козјо месо со цел да имаат директен ефект врз пазарот и да ги стабилизираат цените.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img