Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Saturday, December 14, 2024

More
    домаАгро ВестиВидови на мед

    Видови на мед

    petel baner

    Видови на мед има многу. Најчестото прашање кое го поставуваат купувачите на мед е „Кој вид на мед е најдобар?“ Не постои одговор на ова прашање. Било кој вид на природен мед е добар, а секој од нив поседува уникатни особини кои делуваат против одредени заболувања.

    Сепак, подолу е прикажана една листа на видови на мед направена според широкиот спектар на корисните особини на медот и според побарувачката на купувачите.

    Otkup na kompiri

    Ова се неколку видови на мед:

    Багремов мед

    Одличен е за оние кои имаат проблеми со дигестивниот систем. Внесува рамнотежа во целиот организам и делува благотворно. Поради ниската стапка на сахароза, а високата содржина на фруктоза се препорачува на лицата со дијабетис. Поради својот состав одличен е и за мали деца (возраст од над 3 години).

    Мед од липа

    Делува антисептички и благотворно. Се користи за третирање на грип, настинки, бронхитис и разни респираторни заболувања предизвикани од стрептококи, стафилококи и останати грам-позитивни бактерии. Успехот на липовиот мед при третманите на овие заболувања се должи на тоа што овој мед го поттикнува организмот да се поти по што организмот за кусо време ја враќа нормалната рамнотежа.

    Шумски мед

    Шумскиот мед содржи најмалку 13 пати повеќе минерали од цветните видови на мед. Особено е богат со железо што го прави ваквиот мед идеален за подобрување на крвната слика. Значаен е и за растот и развојот на организмот поради што се препорачува кај децата. Се користи кај анемија, гинеколошки, респираторни и други заболувања.

    Костенов мед

    Медот од костен има специфична и интензивна арома и малку горчлив вкус. Помага кај нарушувања на функцијата на црниот дроб, желудникот, жолчката, дванаестпалачното црево. Лекува гастритис и чиреви, жолтица, бактерии во мочните канали. Поради извонредниот вкус и специфичната арома, костеновиот мед се користи за изработка на разни десерти.

    Мед од жалфија

    Овој мед со право спаѓа меѓу најдобрите. Се користи кај воспаленија и заболувања на усната празнина и на дигестивниот тракт. Лекува воспалени синуси, кашлица, суво грло, бронхитис и настинка.

    Ливадски мед

    Содржи доста есенцијални масла што го прави омилен кај корисниците, а особено децата. Се препорачува кај пациенти со респираторни заболувања предизвикани од грам-негативни бактерии, кај гинеколошки заболувања и авитаминози. Поради тоа што вклучува нектар од голем број на различни растенија, ливадскиот мед има прекрасен вкус и богат е со витамини и минерали.

    Мед од сончоглед

    agrounik

    Поради високата содржина на гликоза и уште неколку други битни состојки, сончогледовиот мед го подобрува имунитетот на организмот, го зајакнува срцето и ја подобрува циркулацијата.

    Мед од маслодајна репка

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Овој мед е доста квалитетен и поседува големи антибактериски својства. Поради лесната кристализација често може да се купи измешан со матичен млеч.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img