Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро советиЗимски јасмин - убава и корисна грмушка

    Зимски јасмин – убава и корисна грмушка

    petel baner

    Зимски јасмин е повеќегодишната зимска грмушка од јасмин ( Jasminum nudiflorum ) припаѓа на семејството Oleaceae.

    Зимскиот јасмин цвета од јануари до март. Цветовите обично се жолти.

    Otkup na kompiri

    Во прекрасно уредените паркови и градини и во текот на зимата можеме да видиме грмушки со ситни жолти цвеќиња. Тоа е зимски јасмин.

    Латинското име во превод значи „гол цвет“ затоа што цвеќињата се појавуваат на голи долги легнати гранки. Лисјата се сјајни, во форма на пердув. По потекло е од Кина.

    Во нашиот регион тоа е листопадна грмушка. Ако зимата е блага, таа може да не „почести“ со цвеќиња веќе во ноември. Обично цвета од јануари до март. Цветовите се обично жолти, но има и форми со бели цветови.

    Во споредба со јасминот кој цвета во пролет, зимските цвеќиња од јасмин не мирисаат.

    Каде да се засади зимски јасмин

    Зимскиот јасмин сака сончеви или малку засенчени места и порозна подлога. Исто така, толерира почви со понизок квалитет.

    Тоа е брзорастечки и расте до еден метар за една година. Се засадува за пониска жива ограда или во комбинација со други растенија.

    Не сака ладни ветрови, па затоа треба да се сади на заштитено место или до ѕид, така што ветерот не ги оштетува младите гранки.

    Ако надземниот дел од растението замрзне, ќе се обнови со млади изданоци, кои ќе цветаат веќе следната зима.

    Садењето треба да се изврши во доцна есен или доцна пролет, кога ќе помине опасноста од мраз.

    agrounik

    Можеме да ја кастри оваа грмушка, доколку е потребно. Кастрењето треба да се прави во рана пролет веднаш по прецветувањето секоја четврта година, а потоа да се скратат гранките за 1/3.

    зимски јасмин
    Зимски јасмин

    Корисна и отпорна грмушка

    Зимскиот јасмин, покрај тоа што е убаво украсно растение, е корисен и затоа пејзажните архитекти честопати го предлагаат за засадување на закосен терен.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Бидејќи е отпорен на загадување на воздухот, тој е многу погоден за садење во градски градини, паркови, покрај помали или поголеми патишта.

    На падините, ја штити земјата од уривање бидејќи гранките што паѓаат се вкоренуваат и ја фиксираат почвата.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img