Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

11.8 C
Skopje
Tuesday, April 23, 2024

More
    домаАгро советиПосно тавче гравче

    Посно тавче гравче

    petel baner

    Посно тавче гравче. Петок е. Нека ГРМИ. Посно тавче гравче во петок. Наздравје ручек добри луѓе. Повелете рецепт.

    Гравот е пожелно да се стави цела вечер да отстои во ладна вода. Белиот грав ставете го да се свари во водата. Истурете ги првите две води и ставете го во другата вода на повторно варење.

    Состојки

    Agrobot
    • сварен грав
    • суви пиперки
    • 1 главица кромид
    • 2-3 чешниња лук
    • зејтин
    • црвен пипер и буковец

    Постапка

    1. Кога гравот е при крај, ако сакате да правите тавче гравче, треба да одвоите зрна, без водата и да ги ставите во тава или мали тавчиња за печење.
    2. Потоа додадете од водениот дел од гравот, полијте ги зрната малку.
    3. Испржете кромид и лук и залијте ја тавата со нив. Ставете суви пиперки и притиснете ги во течноста, да не изгорат веднаш.
    4. Во тиганот што пржевте, додадете зејтин, нека се потпече, тргнете го тавчето на страна и додадете црвен пипер и буковец, мешајте да не поцрнат. Прелијте ги врз гравот и ставете ја тавата на печење, прво на 220, потоа на 180 степени.
    5. Кога ќе почне да врие густо, готово е. Ќе се направи убава коричка…

    Не треба да биде исушено, но ни водено, треба да е таман искрчкано.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Ако немате доволно од течноста од варениот грав, помешајте ја со малку вода.
    Многумина додаваат нане за полесно варење на гравот.
    Овде запршката со црвен пипер е неопходна, а некои ставаат и брашно, но јас само со црвен пипер и буковец го џшнувам и преубаво е!
    Кој си јаде луто, и пиперките и буковецот треба да се лутки!

    Домашно тавче гравче

    Рецепт по препорака на Bozica Palikukovska
    Наздравје!

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img