Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

12.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

More

    Јоргован

    petel baner

    Јоргован прекрасно цветно и миризливо дрво.

    Јоргованот потекнува од Турција а кај нас се одгледува како украсно дрво во градината и режено цвеќе.

    Otkup na kompiri

    Постојат повеќе од 1000 видови со различна големина и цветови, а растат од 2 до 10 m.

    Има срцелики листови и мали цветови групирани во грозд, во бела, жолта, розова, виолетова, сина и црвена боја, но кај нас најчесто се сретнува виолетов и бел.

    Цветовите имаат јак мирис, а големи се 5-10 mm, едноставни или дупли. Во зависност од видот, цвета од април до мај.

    Посадете го на место со многу сонце, иако може да расте и во лесна сенка, најдобро во есен или пролет. Земјата треба да биде влажна и добро дренирана. Садењето се врши на растојание од 1,5 до 5 m, зависи кој вид го садите и колку место му треба да се разграни. Откако ќе го посадите треба обилно да се полева.

    Размножување на јоргован

    Се размножува најчесто со резници, од март до јуни. Резниците се долги 20-25 cm, со по 5-6 ливчиња. Добро би било долниот дел на резницата да се потопи во хормон за закоренување па потоа да се посади во мешавина од хумус и земја. Потоа се покрива со најлон и се остава на некое потопло место. Најлонот треба да се крева секојдневно за да влегува воздух. И тогаш има потреба од сончеви зраци, но не пресилни. Земјата не треба да биде премногу влажна бидејќи може да предизвика трулење, но полевањето е задолжително. Освен со резници, се размножува и од семе и со калемење. Пресадувањето се врши во пролет, а младите растенија лесно го поднесуваат.

    Јоргованот расте многу брзо. Во пролет ставете слој на малч (суви гранчиња и исечени дрвца) и компост околу стеблото. Треба и да се прихранува со ѓубриво богато со фосфор за да богат со цветови, но ова треба да се повтори и откако цветањето ќе заврши.

    Кога ќе заврши цветањето може да го скроите ако има некоја гранка која ви пречи или сакате да го размножите.

    agrounik

    Само внимателно бидејќи со кастрењето се раѓаат млади гранки кои ќе цветаат по 1 до 5 години, а некастрените гранки цветаат секоја година.

    Сепак, со кастрење на 1/3 од старите гранки јоргованот се подмладува. Ако има млади изданки околу коренот потребно е да се отстранат за да не ја црпат енергијата на матичното растение.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Гранките треба да се разретчат за да се овозможи секоја од нив да прими доволно светлина.

    јоргован
    Со љубов од Село Оровник охридско.
    Јоргован од Riste Josifoski.
    Убаво е на Село
    .

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img