Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро советиДомат Црвена круша - Одгледување и грижа

    Домат Црвена круша – Одгледување и грижа

    petel baner

    Црвена круша е стара, средна голема сорта на домати, погодна за свежа конзумација и за готвење.

    Доматот е најраспространета растителна култура, која воопшто не е комплицирана за одгледување, без разлика дали е засадена во градината или на балконот. 

    Otkup na kompiri

    Постојат голем број на различни сорти. Тие се разликуваат по висина, боја (црвена, розова, бела, црна, зелена, жолта, портокалова) и форма на плодот (кружна, овална, во облик на круша, издолжена, збрчкана) .

    Црвена круша се карактеризира со темно црвена боја на плодот. Таа е исклучително месеста, има фантастичен вкус, одличен за свежа потрошувачка, а особено за салати и готвење.

    Тоа е средно рана сорта што може да се одгледува и на отворено и во пластеници. Има исклучително добри приноси со многу големи плодови. Се карактеризира со добра отпорност на пламеница. Пред садењето, потребно е да се наѓубри почвата. Се препорачува да се засади на малку поголемо растојание, бидејќи црвената круша има поголем раст и голема надземна маса. По садењето, задолжително е да се постави потпирач , односно бамбус или пвц колци, за кои се врзуваат садниците.

    Оптималната температура на ртење на семето од домати е од 22 до 25 ° C. ‘Ртењето трае од 8 до 23 дена.

    црвена круша
    Домат од видот “Црвена круша”

    Подлога за одгледување на домат црвена круша

    За да ‘ртењето на вашите домати биде во задоволителен процент, задолжително е да се сеат на квалитетна подлога наменета за сеидба.

    agrounik

    Никогаш не користете почва за цвекиња, градинарска почва и други мешавини бидејќи тие ја задржуваат влагата и многу брзо започнува да се развива мувла.

    Свежо посеаното семе треба да се попрска со распрскувач. Погрижете се подлогата да не е премногу влажна затоа што семето е чувствително на висок процент на влага и многу брзо почнува да скапува. Задолжително е да ги чувате садовите во кои расте на топла и светла положба, така што садниците не бидат издолжени, тенки и со лош квалитет.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Можете да садите домати во градината кога ќе престане опасноста од мразеви. Препорачливо е прихранувањето да биде на природна основа.

    ” Црвена круша ” се собира наутро и попладне. Плодовите мора да бидат ладни, не топли или росни. Тие се собираат со стебленца.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img