Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ВестиГолем студ: добитокот умира, а млекото се фрла

    Голем студ: добитокот умира, а млекото се фрла

    petel baner

    Голем студ го зафати Тексас и создаде големи проблеми за земјоделците. Фабриките за преработка на млеко се затворени, добитокот умира од смрзнување, нема струја и вода, а водата и добиточната храна замрзнуваат.

    Ледениот бран што го погоди Тексас (САД) создаде бројни проблеми за тамошните земјоделци. Присилното затворање на фабриките за млечни производи и добиточна храна ги нарушија синџирите на снабдување во државата. Одгледувачите на говеда стравуваат дека нивниот добиток ќе измрзне и прават се за да ги одржат во живот. Сепак, според Ројтерс , поради ниските температури, некои починале, а посевите биле уништени.

    Otkup na kompiri

    Одгледувачите поминуваат часови и часови кршејќи мраз во резервоари за вода за да им дадат на животните нешто да пијат. Ледените услови го претворија дизел горивото во „гел“ што е скоро невозможно да се користи. Затоа тие се принудени со мали пикап- возила на бензин да превезуваат сено.

    „ Неколку крави и овци умреа веднаш по породувањето. Тие се особено чувствителни на студ поради секретите на матката “, изјави Кејлин Исбел . Таа додава дека нејзината свекрва зела јагне во куќата за да го загрее и да го спаси. „ Студот исто така ќе го уништи овесот што го посеав за храна на младите животни“, вели таа , додавајќи дека поради тоа ќе биде принудена да ги продава порано отколку што очекуваше, што ќе влијае на нејзината заработка.

    Фармите таму исто така се соочуваат со високи цени на добиточната храна поради зголемувањето на цените на пченката и сојата.

    Патем, според Фоксбизнис , Тексас, според последниот попис во декември, има околу 2,9 милиони говеда. Исто така таа земја е една од водечките со млечни стада со околу 613.000 млечни крави.

    голем студ
    Голем студ во Тексас

    Најголеми проблеми во млечниот сектор

    Сандерсон Фармс, една од најголемите американски компании за одгледување живина, во вторникот процени дека дури 200 од приближно 1.900 живинарски фарми во таа американска држава останале без електрична енергија, а на десетина од нив пукнале или замрзнале цевки за вода. Покрај тоа, некои производители не беа во можност да ја достават стоката заради замрзнатите патишта. Комесарот за земјоделство во Тексас, Сид Милер, рече дека кокошките замрзнуваат и умираат затоа што нема доволно природен гас за да се загрее одгледувалиштето. Тој исто така ги коментираше проблемите во млечната индустрија. 

    agrounik

    „ Во тој сектор, млеко во вредност од 8 милиони американски долари се фрла секој ден, бидејќи преработувачките капацитети останаа без електрична енергија “, забележа тој.

    „ Имате систем заснован на време и рокови, а кравите треба постојано да се молзат “, објасни тој, предупредувајќи дека моменталната состојба е катастрофална за овој сектор. Тој исто така предупредува дека мелниците за жито низ државата не можат да работат затоа што нема електрична енергија.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    И големите преработувачи на месо како „Каргил“ и „Тајсон фудс“ ја прекинаа работата на погоните.

    Оваа последна снежна бура уби 30 лица во САД, а понатамошна прогноза е дека температурите ќе останат од 20 до 35 степени под просекот во делови од централните и јужните делови на земјата. „ Затоа говедата можат да настрадаат од респираторни заболувања “, предупреди Миси Бондс , која работи на ранч во Тексас.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img