Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

3.8 C
Skopje
Monday, November 25, 2024

More
    домаАгро ВестиГерманците го фрлаат непродаденото пиво

    Германците го фрлаат непродаденото пиво

    petel baner

    Германските пиварници беа принудени да го фрлат непродаденото пиво. Тие побараа финансиска помош од државата во времето кога се продолжува блокадата, објави Германското здружение на пивари.

    Германските кафулиња, хотели и ресторани се затворени од ноември, а пабовите ја повикаа државата да им помогне финансиски како дел од програмата за помош на различните индустрии во надминување на кризата предизвикана од пандемијата на корона вирусот.

    agrounik
    Otkup na kompiri

    Владата веќе им помагаше на кафулињата, но не и на пабовите.

    – Од недела во недела, сè повеќе пиварници, пабови специјализирани за пиво, се соочуваат со егзистенцијална закана, иако тоа не е нивна вина и тие се третираат несолвентно – напишале 300 пиварници од здружението ДББ и ВПБД во писмото.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Писмото е потпишано и од пиварите Карлсберг Германија, Битбургер Браугруп, Кромбахер и Поланер.

    – Заклучувањето и колапсот во продажбата на пиво значеа дека пиварниците изгубиле голема сума пари преку ноќ. Фрлени се залихите од непродаденото пиво вредни милиони евра затоа што рокот на пивото е истечен – се наведува во писмото.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img