Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

20.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

More
    домаАгро советиОхридско ѓомлезе

    Охридско ѓомлезе

    petel baner

    Охридско ѓомлезе рецепт за приготвување на овој традицонален рецепт.

    2 кг брашно ги раствораме со вода по потреба и правиме каша.

    Иста во густина како за палачинки.
    Во кашата додаваме и сол по потреба во зависност од вкусот.
    Откако ке ја измешаме кашата го палиме огнот.

    Огнот во Охрид и охридско се пали исклучиво со трески а не дрва. Исто така на оган ја ставаме тепсијата во која ќе го правиме ѓомлезето и ја оставаме малку да се загрее.

    На огнот веке го топлиме едниот сач ( вршник ) кој од горе е посипан со пепел. Штом се затопли тепсијата прво ја попскуваме со масло, па ставаме една мера од кашата и ја покриваме со затоплениот сач.

    Вториот сач го ставаме на огнот да се топли за наизменично да ги користиме.
    По неколку минути откако ке се потпечи првата кора, ставаме пак од кашата и попрскуваме со масло.

    Потоа го ставаме затоплениот сач и чекаме повторно неколку минути за да се потпечи кората и оваа постапка ја повторуваме се додека не ја потрошиме кашата, т.е додека не се наполни тепсијата.

    Agrobot


    Откако ке ја потрошиме цела каша го сечеме ѓомлезето.

    Охридско ѓомлезе

    Ѓомлезето повторно го покриваме со затоплен сач, ама сега на сачот и под тепсијата ставаме жар од огнот и оставаме така да се пече околу 40 тина минути.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Други традицонални рецепти и текстови за лековита исхрана можете да прочитате ТУКА


    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img