Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-3.2 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро советиПроизводство на месо, крзно и волна од зајаци

    Производство на месо, крзно и волна од зајаци

    petel baner

    Главниот производ добиен од одгледување зајаци е месото, кое е ситно-зрнесто, со бисерно-бела боја, со тенок слој на масно ткиво.

    Месото содржи висок процент на протеини, витамин Б комплекс и минерали. Има голема хранлива вредност, лесно се вари и содржи малку маснотии.

    Otkup na kompiri

    Составот и квалитетот на месото зависи од расата, полот, возраста, нчинот на чување и исхраната. Товните зајаци трошат 3,25-4,5 кг храна на 1 кг прираст. Со колење и обработка на зајаци со тежина од 1,3 до 2,7 кг (на возраст од околу 12 недели), се добиваат трупови со тежина од 0,80 до 1,80 кг.

    Профитабилноста на производството зависи од продуктивноста на расплодните зајаци, од производството на млади зајаци и од продажба на производите.

    Расите на зајаци кои се користат за производство на месо се крупни. Тие се мирни по темперамент и достигнуваат тежина до 10 кг. Овие раси ги вклучуваат “белгиски оријаш” и “француски овенолик зајак”. Во раси за добивање квалитетно месо спаѓаат и зајаци од Калифорнија и Нов Зеланд, како и хибриди добиени со вкрстување на овие две раси.

    зајаци
    Белгиски Оријаш

    Крзно и волна

    Крзното ја сочинува кожата со влакна на сите видови зајаци, освен зајакот ангора. Квалитетното крзно е цврсто, грубо и свиленкасто. Крзно со највисок квалитет се добива од раси на бели зајаци.

    Расите одгледувани за крзно се карактеризираат со убава боја и квалитетно крзно (зајак шиншила, француски сребрен зајак, виенски син зајак, Рекс, Хавана.

    agrounik

    Зајаци од расата Ангора се користат за производство на волна. Под волна подразбираме влакно чија должина е од 5 до 8 см. Тие се добиваат со чешлање, кубење или стрижење на ангората на зајакот.

    Волната е мека и лесна, добро ја задржува топлината. За разлика од овча волна, таа нема мрсна пот, затоа не е потребно посебно миење, што ги ослабува физичките својства на волната.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Ангората се меша добро со другите видови волна. Од еден зајак, кој е добро хранет и негуван, може да се добијат 300 до 600 грама волна годишно, а од 1 килограм волна може да се добие 2,5 м ткаенина.

    Со селекција се добиваат различни соеви на ангора, кои се разликуваат по финоста на волната (англиски вид со помека волна, француски вид со погруба волна) и во боја (сина, сива, црна, бела).

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber. 

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img