Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро ВестиНајскапиот мед на светот - килограм чини 10.000 евра?

    Најскапиот мед на светот – килограм чини 10.000 евра?

    petel baner

    Станува збор за скап и медицински производ што се собира во пештера на 2.500 метри надморска височина. Овој нектар го произведуваат кавкаски медоносни пчели.

    Медот Centauri од Турција го собори светскиот рекорд кога станува збор за цената и квалитетот. Како што објавија “Гинисовите светски рекорди” , килограм од ова течно злато чини дури 10.000 евра. Се произведуваат само 30 кг годишно.

    Otkup na kompiri

    Станува збор за најскапиот мед што се собира во пештера на 2.500 метри надморска височина, а овој нектар го произведуваат кавкаски медоносни пчели, отпорни на студено време и големи височини. Местото од кое потекнува е оддалечено дури 50 километри од населбите на луѓето, но и од другите пчелни заедници.

    agrounik

    Направен е од лековити ендемични растенија кои растат околу пештерата, има темно-златно-кафеава боја и има горчлив вкус. За разлика од повеќето комерцијални пчелари кои собираат мед два или три пати годишно, овој се собира само еднаш годишно.

    Најскапиот мед го нарекуваат нектар на боговите

    Познат е по своите лековити својства и е богат со магнезиум, калиум, феноли, флавоноиди и антиоксиданти. Затоа не е изненадувачки што е најпосакуван во светот, а има и листа на чекање за нејзино купување. Него го бараат лекарите, членовите на кралското семејство и многу други познати личности, а според ЛЛМ , свештениците во Токио го нарекле „нектарот на боговите“.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Исто така, пред доставата до клиентите, се подложува на ригорозно тестирање и секоја вијала се испраќа директно до Турскиот научен совет за анализа.

    „ Некои го нарекуваат мојот производ скап, но јас го нарекувам светско богатство “, заклучи креаторот на овој бренд Ахмет Ерен Чакир, велејќи дека вистински мед не може да се продава на пазарите и продавниците затоа што пчелите не можат природно да произведат тони потребни за човечка исхрана.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img