Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро советиЗаштита на културите по штети предизвикани од град

    Заштита на културите по штети предизвикани од град

    petel baner

    Врнежите од град може да предизвикаат механички повреди на растенијата кои отвораат пат за инфекции со фитопатогени габи и бактерии. Која е потребната заштита на културите на овошје и зеленчук по штетите предизвикани од градот?

    На производителите им се препорачува да извршат увид во земјоделските култури и насадите. Доколку се регистрирани повреди предизвикани од градот, да применат мерки за хемиска заштита на културите.

    Otkup na kompiri

    Заштита на овошје

    Во овошните насади се препорачува употреба на препарати базирани на фосетил алуминиум или каптан.

    Посебно внимание треба да се посвети на овоштарниците со јаболка во кои е регистрирано присуство на бактериска болест. Во тој случај, повредите присутни во овоштарниците може да доведат до понатамошно ширење на оваа многу деструктивна болест.

    agrounik

    Одгледувачите на јаболка се препорачуваат, доколку регистрираат присуство на овој патоген и рани предизвикани од градот, да извршат механичко отстранување на веќе заразените делови од растенијата со симптоми, како и оштетени гранки, притоа почитувајќи ги хигиенските мерки. По отстранувањето на заразените делови од растенијата, се препорачува да се користат препарати базирани на бакар хидроксид во помали концентрации.

    Заштита на зеленчук

    Во културите со зеленчук, со цел да се залечат раните предизвикани од механичко оштетување, се препорачува употреба на регистрирани препарати базирани на бакар.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Со цел подобро да се одговори на растенијата на стресните услови, особено во земјоделски култури и насади со висок степен на штета од градот, се препорачува и употреба на препарати базирани на аминокиселини или фолијарни ѓубрива.

    Препорачаните мерки за заштита треба да се спроведат што е можно поскоро.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img