Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

11.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаситеЧесто конзумирајте сланина, а еве и зошто

    Често конзумирајте сланина, а еве и зошто

    petel baner

    Ретко може да се одолее на сланината. Некои ја избегнуваат поради верувањето дека е апсолутно нездрава, додека некои претеруваат со изедените количини. Во секој случај, конзумирајте сланина, но домашна, а не индустриска, во умерени количини. Тоа може да биде многу здраво за организмот, а може да помогне и во слабеењето. Ако сте скептични во врска со ова, прочитајте за што станува збор подолу.

    Многу луѓе мислат дека сланината е штетна за срцето. Но, неколку студии потврдија дека содржи корисни омега-3 масни киселини кои всушност го штитат кардиоваскуларниот систем. Ова е една од причините зошто многу студии покажаа дека сланината во умерена количина во секојдневната исхрана го намалува крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта. Помага во спречување на дијабетес, срцеви заболувања и мозочен удар.

    Agrobot

    Сланината е исто така богата со калиум, клучен минерал за регулирање на крвниот притисок. Богата е и со квалитетни протеини кои помагаат во одржување на оптималното ниво на енергија и градење на мускулно ткиво. Исто така е добар извор на цинк, кој е потребен за здрав имунолошки систем, раст и обновување на мускулното ткиво, како и рамнотежа на хормоните во организмот. Исто така, содржи холин, што е клучно за зачувување на меморијата.

    конзумирајте сланина

    Конзумирајте сланина во ограничени количини

    Најновото истражување покажа дека сланината, доколку се конзумира во умерени количини, е одлична за здравјето, па дури и може да изгубите тежина со неа. Сланината е полна со витамини од групата Б, кои се од витално значење за нашиот имунолошки систем и здравје. Содржи 65% од препорачаната дневна доза на тиамин (витамин Б1), 47% ниацин (витамин Б3), 38% витамин Б12 и 36% цинк. Оваа храна не содржи јаглехидрати, туку само масти. Како што покажуваат истражувањата, не мастите предизвикуваат дебелина, туку јаглехидратите. За одржување на телесната тежина се препорачува диета со низок процент на јаглехидрати. Често се истакнува погрешен факт, а тоа е дека јаглехидратите имаат најголема енергетска вредност. Вистината е дека телото се снабдува со енергија од масти.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Протеините се клучен елемент во здравата исхрана, а за среќа, сланината е богата со протеини! Протеините се клучна состојка за одржување на високи нивоа на енергија во организмот, но и за зајакнување на косата, ноктите, кожата и слично.

    Следниот пат кога ќе помислите дали да конзумирате сланина, имајте на ум дека оваа храна е здрава ако ја консумирате умерено и секогаш обидувајте се да користите домашна сланина. Покрај тоа, како што споменавме, тоа исто така може да ви помогне да изгубите тежина затоа што не содржи јаглехидрати кои всушност доведуваат до дебелеење.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img