Она што ни треба за многу топло време е дефинитивно богат електролит, хранлив и освежителен пијалок. Ви нудиме смути со диња како освежување.
Потребно ви е:
– една банана
– 2 чаши диња исецкана на коцки
– 1 портокал
– ½ чаши јогурт или кефир
– ½ лажички екстракт од ванила.
Подготовка:
Оставете ја бананата со кора во замрзнувач преку ноќ. Извадете ја и оставете да отстои околу 2 минути, за да можете да ја излупите кората. Излупете ја и исецкајте ја бананата на парчиња. Излупете портокал и исечете го на парчиња. Во блендер ставете ја бананата, сецканата диња, парчињата портокал, јогурт и ванила. Мешајте додека не добиете глатка смеса.
Уживајте во ова освежително летно смути со диња!
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.