Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Thursday, December 5, 2024

More
    домаХраната како лекБиооил фабрика за ладно цедено масло

    Биооил фабрика за ладно цедено масло

    petel baner

    Биооил фабрика за ладно цедено масло.

    • Основни податоци: Претставете се

    Јас сум Роберт Коцев, мојот бизнис партнер е Александар Димитриевски и ние сме во кумство сродство. Двајцата ја поставивме фабриката за производство на ладно цедено масло за јадење со иновативен процес на ладно екструдирање. Имено се работи за модерна фабрика со високи стандарди за производство на храна со сертификат за ХАСАП стандард. Погонот е лоциран во индустриска зона, во општина Чучер Сандево, во месноста викана Бел Камен. Уште на сам почеток верувавме, дека имаме капацитет да поставиме семеен бизнис во кој основа за успехот ќе биде семејната хармонија и позитивната енергија. Токму таквата енергија ни беше водилка во ова исклучително тешка, но благородна мисија за да успееме да ја реализираме комплетната бизнис идеја. Нашите потенцијални соработници и фанови можат да ги пратат нашите активности на нашата ФБ страница FB/ @biooilMK „Био Оил Вкусот на Сонцето“

    Otkup na kompiri
    • Како дојдовте на идеја да го започнете овој бизнис?

    Долго време го анализиравме пазарот со комплетниот асортиман на масло за јадење, присутен во малопродажната мрежа. Како заклучок утврдивме дека на пазарот е присутна голема палета на разно разни масла а од друга страна пак, дека има недостаток од висококвалитетни ладно цедени масла за јадење. Изработивме бизнис план и спрема истиот го поставивме комплетниот проект на линијата за производство на ладно цедени масла. Целта ни беше да произведеме висококвалитетно ладно цедено масло за јадење, при што ќе се развиваме во правец да го усовршуваме процесот на производство а да го задржиме квалитетот.

    • Кои видови на ладно цедени масла имате можност да ги произведувате во вашата фабрика?

    За почеток на производството се одлучивме за ладно цедено сончогледово масло зашто сончогледот е најраширена маслодајна култура на нашите простори а маслото има широка употребна вредност. Нескромно би звучело ако кажам дека добивме резултат со кој бевме фасцинирани како ние, така и сите што имаа можност да го дегустираат. Скоро сите наши дегустатори се изјаснија, дека ќе продолжат да го користат нашето масло во нивните домаќинства. Тоа ни беше доволна мотивација да продолжиме да се развиваме. Очигледно е дека сме произвеле совршен производ, кој освен што е природен и корисен за човековото здравје туку е и вкусен и го подобрува вкусот на секој оброк каде се користи.

    Охрабрени од нашиот почетен успех се одлучивме да направиме и ладно цедено афионово масло, кое има голема традиција, но од познати причини од поодамна не се произведува во Македонија. Можам слободно да кажам дека добивме масло кое би било конкурентно на светски пазар. Афионовото ладно цедено масло има бенефити кои го издвојуваат како врв на сите видови масла како средство за превенциија од многу болести и лек за истите заболувања. Од друга страна пак, направивме и намаз од обезмастеното афионово семе, за кој сметаме дека итекако би бил атрактивен како на домашниот така и на странскиот пазар. Користејќи исклучиво природни состојки во намазот, сметаме дека имаме производ кој треба да го користат сите граѓани од најмлад до најстар.

    • Зошто се користи ладно цеденото масло и по што се разликува од рафинираното?

    Ние препорачуваме нашето масло да се користи за севкупна употреба во домаќинството и тоа за готвење, салати, приготвување на разни специјалитети. Нашето масло е 100% природен производ а тоа значи дека има импресивна содржина на масни киселини, вклучувајќи линолеинска, палмитинска, стеаринска и олеинска киселина. Исто така во сончогледово масло има високо ниво на лецитин, токоферол, каротеноиди и разни витамини како што се витамин А, витамин Д и витамин Е а богато е и со калциум, цинк, железо, бакар и протеини. Земајќи ги во предвид овие податоци, нашето масло е добро и за користење со лажичка, како лек за решавање на тегоби со дигестивниот и кардиовакуларниот систем.

    Разликата помеѓу рафинираното и ладно цеденото масло е во процесот на производството. Имено ладно цеденото масло се добива со механичко екстрахирање на маслото од семето и понатаму од истото со природно таложење и механичко филтрирање се добива готов производ. Рафинирање на маслото се прави кога на суровото масло со одредени хемиски процеси и под  висока температура му се додаваат одредени хемиски соединенија, при што се менува хемискиот состав и се отстрануваат сите корисни природни состојки на маслото.

    • Колкав е капацитетот на производство во моментот?

    Капацитетот на производство на ладно цедено масло е околу 1000 литри дневно. Како нус производ од производството на маслото се добива и висококалорично ќуспе и масен талог кои се користат како сточна исхрана. Откако почнавме со производството многу сопственици на сточарски фарми ги приметија ќуспето и талогот со висок квалитет и остваривме одлична соработка.

    • Каде планирате да ги пласирате вашите производи?

    Ние имаме цел, нашите производи да бидат достапни на сите граѓани во нашата држава. Имено се надеваме дека нашите производи ќе бидат присутни во сите маркети, ресторани, месари и аптеки кои се заинтересирани за соработка. Приметивме дека има одредени непознаници во врска со ладно цедените масла, така да во овој период имаме засилена информативна и маркетинг кампања, за да ги објасниме придобивките од нашите производи. Од неодамна како спонзор не презема НЛБ Тутунска банка и овој период изработи спонзорирана маркетинг кампања за нашиот бренд преку ФБ објави, реклама на ТВ 24, објава во автобусите на ЈСП Скопје и билборди во нашиот главен град. Секако и ние сме присутни во јавноста  преку јавните медиуми, телевизиски и радио емисии. На крај имаме цел, да достигнеме и меѓународно признание на нашите производи и да ги пласираме истите на странскиот пазар

    • Дали искористивте некои фондови и поддршки од државата за започнување на вашиот бизнис, какво е вашето искуство околу ова?

    За жал досега не сме добиле никаква државна поддршка, така да целокупниот проект го заокруживме со кредитни средства од комерцијалните банки. Од моментот на бизнис идејата, па до реализација се потпиравме исклучително на нашите вештини и стручни знаења. Секако се надеваме дека ќе ги убедиме државните институции дека имаме производи кои имаат иднина и во кои вреди да се инвестира за да ни помогнат во понатамошниот развој на бизнисот.

    agrounik
    • Какви се вашите очекувања од овој бизнис? Какви се вашите планови за во иднина? Како планирате да го развивате вашиот бизнис?

    Ние очекуваме нашиот бизнис да си го добие заслуженото место во бизнис секторот во Македонија. Бидејќи нашите производи ги декларираме како здрава храна, настојуваме да пропагираме и здрави животни навики на нашите сограѓани.

    Нашиот капацитет за производство на ладно цедено масло планираме да го искористиме и за други маслодајни култури кои ги има на нашите простори како што се семки од грозје, соја, маслодајна репка, лешници, ореви и бадеми. Нормално паралелно со маслото, ќе го развиваме и процесот на производство на намазите. Развивајќи го нашиот бизнис, ќе имаме потреба од се поголема количина на маслодајни суровини. На тој начин ќе ги афирмираме и земјоделците, потенцијални произведувачи на суровини. Во тој дел планираме преку склучување на договори со земјоделците, да овозможеме да се развива и земјоделскиот сектор а ние ќе гарантираме сигурен откуп со загарантирани цени. Нормално за да успееме со нашата визија, потребна ни е поддршка од институциите, трговците и нормално земјоделците. Што се однесува до нас ние имаме толку многу идеи, визии, знаење и способност да го реализираме сето погоре наведено. На крај нашиот ентузијазам, желбата за успех и позитивната енергија се главните мотивирачки двигатели за несебично вложување  во овој итекако тежок бизнис а задоволните конзументи е најголемиот фидбек за нас.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Биооил фабрика за ладно цедено масло

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img