Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More

    Глуварче

    petel baner

    Глуварче толку здраво а се повеќе заборавено растение.

    За глуварчето се вели дека е вистинска пролетна салата од природата, која го закрепнува организмот после долгата зима. Во народната медицина се користи коренот, листот, цветот и целата билка со корен, но се користи и во исхраната.

    Otkup na kompiri

    Лековитоста на глуварчето е голема. Го стимулира апетитот и го регулира метаболизмот на масти во организмот. Во народната медицина се применува кај таканареченото пролетно чистење на крвта.

    Пожелно е да се користи салата од листовите од глуварчето, но само пред цутењето на билката. Како и сите други горчливи лековити билки, глуварчето, а посебно неговиот корен, поволно влијае на подобрување на апетитот и варењето на храната.

    Благотворно делува во случај на стомачната опстипација и појавување на диспесија, односно пореметено варење, кај воспаление на жолчната кеса и каменот во жолчката и намаленото излачување ма урината.

    Еве неколку рецепти за подготвување на лековити напивки од глуварче, а поради неговата горчина ќе морате да додадете мед.

    Сок од глуварче

    Најлековит и најделотворен е сежо исцедениот сок, кој се препорачува против стомачните тегоби и за лекување на хемороиди. Се цедат листовите и ситно исечканиот корен.

    Во чаша млеко турете две до три лажици од сокот, додадете лажица мед и пијте секое утро на празен стомак дваесет дена.

    Суруп од глуварче

    Шуруп од глуварчето има вкус на мед, а влијае на зајакнењето на организмот, чистење на крвта и подобро варење.

    Се подготвува од три-четири шолји цвет на глуварче, две литри вода и сок од два лимони. Цветовите треба да се сварат во водата, да се исцедат, а потоа во сокот додадете мед и сок од лимон

    Сокот варете го на тивок оган, постојано мешајќи, додека не се создаде суруп. Турете го сурупот во шишињата и затворете ги. Сурупот се консумира така што се зема по една супена лажица, два до три пати во текот на денот.

    agrounik

    Чај од глуварче

    Се подготвува од две лажици суви листови, цветови и ситно исечканиот корен од глуварче. Ова смеса додадете ја во една шолја зовриена вода, поклопете ја,и после дваесет минути исцедете и додадете лажица мед.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Се пијат две до три шолји чај во текот на денот во случај на отежнато измокрување, собирање на непотребната течност и подобрување на целокупното разменување материи во организмот.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img