Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Thursday, December 1, 2022

More
    домаАгро ВестиИндивидуален земјоделец

    Индивидуален земјоделец

    Индивидуален земјоделец – сакате да се регистрирате како индивидуален земјоделец?

    Треба да ги исполнувате овие услови и да го пополните ОВА БАРАЊЕ и да го однесете во подрачната единица на МЗШВ.

    – Дејноста да ја врши на земјоделско земјиште на кое има право на сопственост или го има добиено врз правна основа од сопственикот.

     –   Да е полнолетен

    –   Да има општа здравствена способност

    –   Да не е во работен однос или пензионер

    –    Со правосилна судска пресуда да не му е изречена мерка на безбедност и забрана за вршење дејност;

    –    Да ги има подмирено пристигнатите даночни обврски и други јавни давачки и

    –    Да не е запишан во трговскиот регистар (потврда).

    За вршење на земјоделска дејност како индивидуален земјоделец истиот треба да поднесе барање до подрачната единица на Министерството за земјоделсво за упис во регистарот во местото каде се наоѓа земјоделското земјиште на кое се врши дејноста.

    – Со барањето,  индивидуалниот земјоделец ги приложува и доказите за исполнување на условите за упис во регистарот и тоа:

    – Доказ за државјанство

    – Доказ за правниот однос за користење на капацитетите

    – Доказ за здравствена состојба( уверение издадено од матичен лекар)

    – Доказ за стручно образование (уверение,фотокопија)

    – Копија од лична карта

    – Доказ дека не е изречена мерка на безбедност и забрана за вршење дејност со правосилна судска пресуда

    – Доказ дека нема неподмирени даночни обврски (Управа за јавни приходи)

    – Доказ дека не е запишан во трговски регистар (потврда издадена од Централен регистар)

    Предвиден рок за постапката е 15 дена.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img