Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

10.8 C
Skopje
Tuesday, April 23, 2024

More

    Анасон

    petel baner

    Анасон – анасонот е двегодишна или повеќгодишна зелеска билка, а расте насекаде околу средоземното море.

    Има меснат корен, стеблинката е валчеста, разгранета, висока еден до два метри.

    Листовите се игличесто кончесто поделени. Цветовите се жолти и целата билка има силен и пријатен мирис, а вкусот и е сладок и многу ароматичен.

    Својства:

    Плодот на анасонот сам или во комбинација со други билки се употребува за лекување на органите за варење и дишење.

    Употреба:

    Против тврда столица и гасови:

    По еден килограм анасон, анис и цвет и зова и два килограма лист од сена се мешаат и се попаруваат со 200 грама зовриена вода, по два часа чајот се цеди и се пие свеж.

    За апетит: (ова незнам на некој дали ќе му треба) 🙂

    По еден килограм анасон, линцура и кичица (црвен канатарион) се мешаат и се подготвуваат како претходниот чај но се пие половина час пред јадење.

    За доилки со малку млеко:

    Две до три грама толчен плод од анасон се попрарува со два до три децилитра зовриена вода, се поклопува, а по два часа се цеди и се пие место вода.

    Чај против кандида:

    Еднакви делови анасон, стебло и цвет од сапунарка, жалфија, ајдучка трева, маточина и босилек се мешаат, а две супени лажици од смесата вријат две до три минути во пола литар вода.

    Agrobot

    По 10 минути во поклопен сад се процедува и се пие во текот на еден месец.

    Напомена.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Во оптек има многу сорти на анасон, кои се разликуваат по големината, бојата и обликот, а особено по вкусот и мирисот. Слаткиот анасон има плодови долги до 12 милиметри со светла боја и многу сладок вкус.

    Од овие плодови се прави ракијата мастика или анасонка.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img