Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

13.8 C
Skopje
Tuesday, October 1, 2024

More

    Петровки

    petel baner

    Петровки се едни од највкусните јаболчиња.

    Сите нас не потсетуваат на детството. Нивниот вкус и мирис засекогаш останува врежан во меморијата на секој што пробал вакво јаболче.

    Otkup na kompiri

    Постојат бели и црвени петровки, а се разликуваат по големината на плодот и бојата. Името го добиле по празникот Петровден кога созреваат.

    Петровките имаат средно бујно стебло, со тркалезна крошна. Плодот е ситен до средно крупен, со тежина од 40 до 50 г.

    Имаат тенка лушпа, а плодот е сочен со киселкасто-сладок вкус и пријатен мирис.

    Ова е најраната сорта на домашни јаболка. Прва созрева кон крајот на јуни до средината на Јули (околу Петровден) кога се бере.

    Порано во секој двор имало барем едно стебло петровка.

    Поради својата голема отпорност кон разни болести, инсекти и непогоди, луѓето често ја саделе.

    Не бара прскање ниту преголема грижа.

    ГО ШТИТИ ЗДРАВЈЕТО НА СРЦЕТО

    Една од најважните здравствени благодети на јаболката е нејзиното влијание врз срцето. Влакната со кои обилуваат јаболката имаат способност да го намалат нивото на лошиот холестерол со што се намалува ризикот од срцеви заболувања. Дури, јаболката спречуваат создавање на наслаги во артериите и со тоа се намалува ризикот од срцев удар.

    ПРЕВЕНЦИЈА ОД АСТМА

    Една од важните предности на јаболката е тоа што содржат флавоноиди. Овој нутриент е добро познат по тоа што ги спречува астматичните напади. Покрај тоа, флавоноидите имаат многу важна улога во јакнењето на белите дробови.

    Некои истражувања покажале дека лицата кои редовно консумираат јаболка имаат подобра функција на белите дробови од останатите.

    ЧИСТЕЊЕ НА ЦРН ДРОБ

    Ова сочно овошје поволно влијае врз здравјето на црниот дроб и помага да се ослободи од токсините.

    СОДРЖИ ЗНАЧАЈНИ АНТИОКСИДАНТИ

    Иако повеќето видови овошје содржат антиоксиданти, јаболката содржат една од најзначајните видови, а тоа е кверцетинот, кој го намалува штетното влијание на слободните радикали, го јакне имунитетот и спречува појава на бројни заболувања.

    ГО ЧУВА ВИДОТ

    Со оглед на тоа што се богати со антиоксиданти, јаболката можат да делуваат превентивно на појава на катаракта.

    agrounik

    БОГАТИ СО ВЛАКНА

    Јаболката се одличен извор на влакна, па така помагаат во правилната работа на системот за варење. Покрај тоа, влакната можат да го регулираат апетитот и да ве држат сити подолго време.

    ЈА ЗГОЛЕМУВА ИЗДРЖЛИВОСТА

    Ако сакате да ја зголемите издржливоста, изедете јаболко пред тренинг. Јаболката имаат способност да го зголемуваат дотокот на кислород во белите дробови, па ќе можете полесно да вежбате.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    ПРОТИВ ЗАПЕК

    Овој многу сериозен здравствен проблем се јавува кога дебелото црево апсорбира премногу вода. Јаболката ефикасно го решаваат проблемот со запекот, бидејќи содржат сорбитол и столицата ја прават помека и почеста.

    ПОМАГА ВО СЛАБЕЕЊЕ

    Веројатно сте слушнале дека лицата кои водат сметка за својата исхрана јадат почесто, но помали оброци во текот на денот. Јаболкото се смета токму како еден оброк, а посебно е корисно доколку се консумира наутро, на гладно, кога може да го забрза губитокот на килограми. Кога ќе се почуствувате гладни, изедете јаболко наместо чоколади или чипсови.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img