Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

9.8 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро ВестиСтар или нов трактор

    Стар или нов трактор

    petel baner

    Стар или нов трактор – вечната дилема на малите Земјоделци.

    Постои поделено мислење помеѓу Земјоделците за тоа што е подобро дали да се земе стар и половен трактор и дали да се земе нов трактор.

    Otkup na kompiri

    Постарите знаат да кажат дека се што е трактор до 1990 година може и да се каже дека се издржливи и траат додека новиве полни со електроника се расипуваат и бараат многу оджување што е скапо и не економично.

    Еве едно интересно мислење: старите трактори биле направени да се ТРАЈНИ а новите трактори биле направени за да може оваа индустрија да опстане и да живее од резервни делови.

    Сите знаат дека тракторите произведени во 70-80 години се произведени со квалитетни делови за разлика од новиве на кои се знае кога точно ќе се расипе делот, дали на 1000 работни сати, дали на 5000 или 10000 и се тоа за фабриките да имаат работа.

    Секако новите имаат дополнителни функции, клима уреди, ГПС навигации, сензори и слично но во основната функција а тоа е обработка на почвата општо е мислењето е дека имаат помалку работни саати без застој од старите трактори кои што се предаваат од генерација на генерација и сеуште успешно ги ораат поготово нашите мали ниви.

    И резервните делови не се тоа што беа, порано имаше и квалитетни резервни делови а сега од различни доставувачи со сомнителен квалитет и сомнително потекло, направени од слаб и неквалитетен материјал, склопени во сомнителни околности и услови и слично.

    Еве уште едно мислење: старите трактори треба се почесто да се заменуваат со нови и современи земјоделски машини кои што имаат подобри перформанси, побрзо, попрецизно и поекономично ги завршуваат работите во нивите и земјоделските домаќинства.

    Новите трактори се компатибилни со разна приклучна механизација која што се повеќе го олеснува земјоделието и го заменува недостатокот на работна сила во земјоделието.

    agrounik

    Новите трактори имаат гаранција и овластен професионален сервис.

    Во последно време работите ги искомплицираа и разно разните превземања на бредовите на производители на тркатори. Едните ги купија другите, другите ги купија третите а некои ги купија скоро сите 🙂 сега да не ги именуваме.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Стар или нов трактор

    Еве на крај да го кажеме и нашето мислење дека секако е подобро да имаме НОВИ ТРАКТОРИ и НОВА ПРИКЛУЧНА МЕХАНИЗАЦИЈА.

    Ваше мислење Земјоделци што е подобро нов или стар трактор?

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img