Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

5.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ВестиАнглиските фармери креваат раце од одгледување краставици

    Англиските фармери креваат раце од одгледување краставици

    petel baner

    Огромни стакленици во југоисточна Англија познати по одгледувањето краставици зјаат празни. Англиските фармери веќе кренаа раце заради зголемените трошоци за снабдување со електрична енергија и гас. Тие ја нарушија работата на сопствениците, бидејќи одгледувањето краставици наменети за британскиот пазар бара топлинска енергија, пишува Ројтерс.

    Растот на цените на природниот гас од крајот на минатата година се влоши по руската инвазија на Украина на крајот на февруари. Затоа, овој вид на култури стана економски неодржлив.

    Otkup na kompiri

    Слични проблеми има и во остатокот од Обединетото Кралство. Одгледувачите не успеаја да засадат пиперки, модри патлиџани и домати.

    Енергетската криза не ги заобиколи бидејќи на одгледувачите им е потребен гас за да се справат со неповолните временски услови.

    „Штрајкот“ на британските фарми е само една од причините на кои енергетската криза и инвазијата на Украина се одразуваат на синџирите за снабдување со храна. Загрозено е и производството на масла за јадење и житарки.

    Цените на храната во Обединетото Кралство, во време на историска инфлација, веројатно дополнително ќе се зголемат. Ќе ја загрозат достапноста на стоки како што е британскиот сендвич со краставици што се служи на Вимблдон и во големите лондонски хотели.

    Минатата година беа потребни околу 25 пени за да се произведе една краставица во Велика Британија. Сега е потребно двојно повеќе, со тенденција да расте до 70 пени (во време кога цените на енергијата растат). Краставици со вообичаена големина се продаваа за само 43 пени во најголемите британски синџири супермаркети.

    Одгледувањето е тотално неисплатливо дури и за долгогодишните снабдувачи со оваа култура

    Тони Монталбано, чиј дедо во 1968 г. дојде од Сицилија и отвори расадник за снабдување продавници со свежи краставици, тој одлучи да не го засади првиот од трите циклуси оваа година во јануари.

    „Времето е загрижувачко бидејќи цените на бензинот се толку високи“, изјави одгледувачот Тони Монталбано за Ројтерс.

    Стаклниците во градот Ројдон, каде неговото семејство одгледува краставици веќе 54 години, моментално е празна. Сите оранжерии од 30.000 квадратни метри се празни.

    agrounik

    Краставиците одгледувани од Монталбано се доставуваат до синџирите на супермаркети. Овде се вклучени и пазарните лидери како што се Tesco, Sainsbury’s и Morrisons.

    Националната унија на фармери вели дека ОК влегува во криза за обезбедување на храната. Предупредува дека производството на пиперка може да падне од 100 милиони од минатата година на 50 милиони оваа година. Производството на краставици може да падне на 35 милиони (минатата година беше 80 милиони).

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Во текот на зимата, Велика Британија увезува околу 90% од културите како краставици и домати, но во текот на летото се задоволува со сопственото производство.

    Здружението на одгледувачи на долината Леа, чии членови произведуваат околу три четвртини од британските краставици и слатки пиперки, соопштија дека околу 90 отсто не засадиле во јануари, додека половина се уште не засадиле и нема да садат ако цената на бензинот остане висока.

    За повеќе корисни стории посетете ги рубриките агро вести, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img