Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-5.2 C
Skopje
Monday, November 25, 2024

More
    домаситеОдличен природен сок против камен во бубрег

    Одличен природен сок против камен во бубрег

    petel baner

    Камењата во бубрезите главно се составени од калциум и можат да бидат предизвикани од прекумерна акумулација на сол во исхраната што го стимулира излачувањето на калциум преку урината. Друг тип се формира од урична киселина, нуспроизвод предизвикан од исхраната богата со протеини. Наместо опасните лекови кои предизвикуваат разни несакани ефекти, подгответе го овој природен сок. Тоа е најбезбедно решение против камења во бубрезите.

    Неопходно е да се намали количината на сол што ја внесувате во секојдневната исхрана и прекумерните количини на калциум и протеини. Треба да пиете многу течности кои ќе го преполоват ризикот од појава на кристали во уринарниот тракт.

    Otkup na kompiri

    Природен сок против камен во бубрег

    Во народната медицина, лимонот и неговиот сок често се користат за лекување на нефролитијаза. Најефективните начини за чистење на бубрезите од камења и песок:

    Исечете го лимонот на половина и исцедете го сокот. Додадете 1 dl млака вода во сокот од лимон. Разредениот сок треба да се пие три пати на ден: пред појадок, за ручек пред јадење и 2 часа по вечерата.
    Двапати неделно можете дополнително да користите мешавина од 60 мл маслиново масло со исто толку сок од лимон. Овој метод на лекување помага камењата да се стопат и безболно да излезат.
    Лимонот е навистина посебен. Од сите цитрусни овошја, лимонот содржи најголема концентрација на цитрат, кој природно го инхибира формирањето на камења во бубрезите. Другите сокови немаат толку многу цитрати, а нивниот вкус се компензира со калциум и оксалати. Ова се супстанции кои формираат камења во бубрезите. И прескокнете го засладувањето на лимонадата со шеќер – изберете лажичка мед или стевиа.

    Јаболковиот оцет и камења во бубрезите

    Вообичаено се споменува дека за превенција од камен во бубрег потребно е дневно да се консумираат 1 до 2 лажички јаболков оцет. Оцетот може да се раствори во 200-250 мл вода и да се пие во текот на денот. Покрај тоа, секако, оцетот може да се консумира како дел од оброците, како што се: салати, супи, сосови, смути, маринади. Во растворот од оцет и вода може да се додаде сок од лимон. Содржи цитрат, чие зголемување на концентрацијата во урината е поврзано со намалено формирање на камења во бубрезите и спречување на зголемување на постоечките.

    agrounik

    Смокви и лимон против камења во бубрезите

    Она што треба да се направи е да се потопат парчиња сечкани смокви во чаша свежа лимонада и сето тоа да се остави да отстои преку ноќ. Наутро прелијте го со 1 дл зовриена вода и откако малку ќе се олади испијте го целиот напиток на празен стомак.

    Лимон и маслиново масло

    Сè што треба да направите е да измешате 0,25 мл свежо исцеден сок од лимон со исто толку маслиново масло и да го испиете, а потоа прелијте со малку вода. Оваа смеса пијте ја 2 пати, наутро и навечер.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Брусница за камења во бубрезите

    Чајот од брусница е познат народен лек за превенција од камења во бубрезите, но и за лекување на многу други уролошки проблеми.

    Истурете 2 dl зовриена вода со една кафена лажичка свежа или сушена брусница или една филтер кесичка. Покријте, оставете 5-10 минути, процедете, по желба засладете со мед и пијте додека е топло.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img