Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

11.8 C
Skopje
Wednesday, October 16, 2024

More
    домаАгро колумнаЛовечки кучиња Посавец

    Ловечки кучиња Посавец

    petel baner

    Ловечки кучиња Посавец – Посавскиот гонич и припаѓа на ретката Хрватска автохтона раса на ловечки кучиња.

    Тој спаѓа во групата на кратковлакнести гоничи. Се одгледува уште од 16 век и тоа посебно на просторот на сисачката посавина.

    Otkup na kompiri

    Најстарите пишани документи за оваа раса потекнуваат од 14 век.

    Настанал од прастариот панонски гонич кој најпрво се одгледувал во посавјето, а подоцна е раширен по целата држава.

    Името Посавски гонич го добил во 1959 година. Стандардот му е признаен во 1955 година (важечки од 1969 година) а потврден му е во 2003 година.

    Матична земја: Хрватска

    . FCI стандард број 154/10.04.2022

    . FCI класификација:

    . Група 6: гоничи и сродни пасмини

    . Секција 1.2 Гоничи со средна големина

    . Со работен испит

    Опис:

    Посавскиот гонич е средно голем гонич, со цврсто тело и темелна пченично црвена боја во сите нијанси,

    Висина од 46 до 58 см, тежина околу 18 до 20 килограми.

    Главата му е издолжена, муцката силна црна или темна, забалото му е шкарасто и потполно, погледот буден, ушите му се свиснати и при врвот заоблени, вратот му емускулест, опашот го носи рамно или понекогаш благо свиткан со „ мала заставичка„ Влакната му се долги 2-4 см, густи и тврди.

    По боја се црвенкасти, со пченично жолта боја, секогаш со белини на главата, градите, стомакот и шепите. Белините не смеат да бидат поголеми од 1/3 од површината на телото.

    На главата во облик на цвет има пруги или лиски. Обично има бел околувратник, бели гради, бел стомак, бели долни делови на нозете и бел врв на опашката.

    Карактер:

    Сигурен, послушен темпераментен со симпатичен изглед и приврзан на фамилијата. Тој е доба, многу отпорен гонич, посебно за лов на див зајак и лисица, кој исто така може да се употребува и како крвоследник.

    Неговата цврста конституција погодна е за лов во шумски подрачја кои се карактеризираат со многу грмушки.

    Посавскиот гонич има смирен темперамент но се уште е доволно жив за да не биде премногу тром при гонењето.

    При пребарувањето се користи исклучително со неговиот мирис. Работи нешто поспоро од истарскиот краковлакнест гонич. При работа не го губи контактот со ловецот иако гони доста оддалечено од дивечот.

    Многу е послушен и самиот после гонењето се враќа кај ловецот.

    agrounik

    Се јавува со средно висок глас.

    Може подеднакво добро да се користи во горските шумски предели и во камењарите. Најпогоден е за лов на диви зајци, лисици и диви свињи.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Многу е ценет во Хрватска и во Босанска посавина поради брзината и подвжноста а посебно поради послушноста и приврзаноста кон сопственикот.

    Држење со одлично развиено сетило за мирис, отпорен на напор и на каменести терени, упорен во гонењето и во потрагата, со добар глас.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img