Околу 112 милиони денари субвенции за млекарите денеска се исплатени за произведено и предадено млеко. Се офајдија 5.664 млекопроизводители.
Денеска на сметките на 5664 млекопроизводители, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати вкупно 111.581.789 денари за произведено и предадено млеко.
Станува збор за исплата на средства од мерката 2.3 – директни плаќања за произведено и предадено кравјо, козјо и овчо млеко.
Корисници на оваа финансиска поддршка се производителите на кравјо , овчо и козјо млеко кои сопственото производство го имаат предадено на регистриран откупувач за сирово млеко во периодот од октомври – декември 2020 година.
Сточарите кои имаат произведено кравјо млеко добиваат финансиска поддршка од 3,5 денари по предаден литар млеко додека 4,5 денари по литар добиваат сточарите кои произвеле и предале овчо и козјо млеко на преработувачки капацитети.
Продолжуваме со финансиската поддршка во млекопроизводството како државен стимул за постигнување на повисока откупна цена и оддржување на благосостојбата во сточарството како сектор кој има голем удел во земјоделството и македонската економија.
За повеќе корисни стории посетете ги рубриките агро вести, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.