Берба на печурки – внимателно и само со надзор на искусни собирачи.
Прошетка во шумата и бесплатен ручек од пририродата убаво звучи но сепак си има свои опасности.
Со печурките треба да се биде навистина внимателен. Меѓу илјадниците видови на габи, тешко може да се разликуваат отровните од неотровните печурки.
За љубителите на печурките ова е совршено време (пролет, лето и есен) да ја земат корпата и да тргнат во шумата по потрага по ручек или по заработка.
Берба на печурки веќе станува се популарна и покрај хоби за љубителите на добра храна се повеќе луѓе оваа активност ја гледаат како начин да обезбедат дополнителни приходи во своите семејства.
За некои луѓе пак барањето и собирање на печурки иако не ги продаваат и јадат преставува огромно задоволство и при самото пронаоѓање им предизвикува чувство на среќа.
Сезона за печурките е во пролет, лето и есен особено после дождливи денови кога тие започнуваат да никнуваат од земјата.
Но, главната сезона е есента од септември до средината на ноември, кога паѓа дожд, но не е премногу ладно.
Има луѓе кои со берењето на печурки се занимаваат уште од мали, бидејќи „занаетот“ го научиле од родителите.
Но, и најискусните „ловци“ на печурки треба да бидат внимателни.
Со оглед на тоа што постојат илјада видови на габи, лесно може да се случи да се помешаат отровните со неотровните печурки.
Ако се сомневате – фрлете ја
Голем број почетници, кога собираат печурки често не можат да направат разлика помеѓу отровните и оние печурки кои се јадат.
На крајот, подобро е да имате празен стомак отколку да завршите во болница поради труење од печурки.
Што мислите за ова видео оваа печурка отровна е или не?
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.