Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

11.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаАгро колумнаФарбање на јајца со кромид

    Фарбање на јајца со кромид

    petel baner

    Фарбање на јајца со кромид – Вака вапсаните јајца нема да ви искочат толку црвени колку што би биле доколку ги фарбате со фарба, но ќе добијат убава темна црвено-кафена боја.

    Следете го процесот подолу заедно со инструкции како да направите природни шари од листови од растенија.

    Agrobot

    Потребни состојки:

    • бели јајца
    • лушпи од кромид (лушпи од 10-15 кромида во зависност од тоа колку јајца ќе фарбате)
    • сол (за да се избегне пукање на лушпата од јајцето)
    • 1 супена лажица оцет
    • хулахопки (стари и искинати)
    • ножички и конец
    • листови од растение
    Фарбање на јајца со кромид 1

    Инструкции:

    1. Исечете парче од хулахопките – доволно големо да можете да го обвиткате јајцето;
    2. На јајцето ставете го листот од растението кое сте го избрале (магдонос, папрат, лист од ружа…);
    3. Нежно ставете го парчето хулахопка врз листот и јајцето и од задната страна врзете дупол јазол со конец. Хулахопката треба да биде цврсто врзана;
    4. Откако ќе завршите, ставете ги јајцата во тенџере врз лушпите од кромид. Наполнете го тенџерето со вода доволно колку да се покријат јајцата, додадете сол и оцет и ставете го на рингла на висока температура;
    5. Откако водата ќе почне да зоврива, намалете ја ринглата на средна температура и оставете да врие околу 12-15 минути;
    6. Откако јајцата ќе се сварат, истурете ја водата и откако ќе се пооладат со ножичките пресечете ги хулахопките од страната на врзаниот јазол и отстранете ги заедно со листот од растението.
    Слика 2
    Слика 3
    Слика 4
    Слика 5

    Слободно во коментари можете да ни пишете ако знаете какви други техники знаете за вапцање на јајца за Велигден.

    Се разбира да бидат природни не со оние хемиски бои.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    ЕВЕ КАКО ДА ДОБИЕТЕ РАЗЛИЧНИ БОИ

    Поздрав добри луѓе и среќни Велигденски празници.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img