Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаситеРецепт за млеко од ф'стаци

    Рецепт за млеко од ф’стаци

    petel baner

    Правењето домашно млеко од ф’стаци е едноставно и се подготвува слично како и бадемовото млеко. Единствената разлика е во тоа што треба да ги натопите и излупите ф’стаците за да добиете посветло зелено млеко.

    Додатоци по желба:

    – Јаворовиот сируп или нектар од агава се одлични алтернативни природни засладувачи
    – Домашен екстракт од ванила – додадете ванила во млекото за посладок вкус
    – Можете да комбинирате млеко од ф’стаци со други вкусови на десерти, вклучувајќи вода од роза, вода од цветови од портокал, кардамон итн.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Otkup na kompiri

    Состојки:

    – ф’стаци
    – филтрирана вода

    Подготовка:

    Потопете ф’стаци во вода шест часа или преку ноќ. По желба, потоа можете да ги излупите ф’стаците за да добиете светло зелено млеко. Изблендирајте ги, но грубо, не смеат да се претворат во каша или паста. Кога оревите се готови, додадете вода, па повторно изблендирајте. Добиената течност процедете ја низ газа или филтер. Млекото можете да го истурите во шише и да го чувате во фрижидер до пет дена. Пред употреба само добро протресете.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img