Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро колумнаКАКО ЗЕЛКА ОД 10 ДЕНАРИ СТИГНУВА НА ТРПЕЗА ЗА 60 ДЕНАРИ?

    КАКО ЗЕЛКА ОД 10 ДЕНАРИ СТИГНУВА НА ТРПЕЗА ЗА 60 ДЕНАРИ?

    petel baner

    Земјоделците се гневни на трговците, а нив ги интересира заработката. Како е возможно зелка од 10 денари на трпезите да стигнува за 60 денари?

    Земјоделците велат дека е многу чудно како овој ист производ има двојно или три пати повисока цена на зелените пазари, а во продажните објекти и покрај иста маржа да има различна цена на истиот производ.

    Otkup na kompiri

    Која е логиката да се откупи зелка за 10 денари, а да се продава на зелен пазар за 50 или 60 денари. Во трговските објекти пак оди од 29 до 35 денари за килограм. Прашуваат земјоделците кои деновиве искажуваат незадоволство од откупните цени кои им се нудат од откупувачите.

    Сè зависи од големите откупувачи

    Пазарџиите велат дека сè зависи од големите откупувачи, побарувачката и конкуренцијата што ја имаат внатре во зелените пазари. Тие пресметуваат паушална маржа кој сами ја определуваат. Трговците на големо пак пресметките ги прават според трошоците за превоз и маржата.

    – Откупот е ист како и изминатите години, почнува добро, а потоа цените паѓаат по желба на трговците. Тие не гледаат на квалитетот на производот туку како можат да го изманипулираат земјоделецот. Ќе дадат откупна цена за неквалитетен производ и потоа го откупуваат и квалитетниот по иста цена. Зелката денес се продава по 10 денари, а краставиците по 15 до 20 денари. Иако, продажната цена која ние ја формираме според трошоците е повисока. Значи ние сме принудени во старт на загуба. Затоа не е чудо што на нивите останаа само старите земјоделци – вели Ристо Велков, претседател на Здружението „Агросојуз“ од Струмица.

    Како може еден ист производ да има една цена на зелените пазариз друга во маркетите?

    Според него, многу е чудно како овој ист производ има двојно или три пати повисока цена на зелените пазари, а во продажните објекти и покрај иста маржа да има различна цена на истиот производ.

    – Дали овие луѓе не размислуваат  за земјоделците  и граѓаните кои се нивни потрошувачи. Каква е таа конкуренција во која откупена зелка за 10 денари достига цена од 30 до 35 денари на кванташки, а 50 или 60 денари на зелен пазар. Или кај краставицата од 20 денари да достигне на 90 или 100 денари. Не знам какви се цените во маркетите, но мислам дека се пониски од оние на зелените пазари – додава тој.

    Пазарџиите тврдат  дека не е нивна вина што зеленчукот има висока цена бидејќи тие имаат голема меѓусебна конкуренција, а стоката ја набавуваат кај големите откупувачи.

    – Секој пазарџија формира цена самостојно. Најчесто се пресметува паушална маржа на зеленчукот набавен на кванташки пазар. Што значи цената зависи од она колку е купена од трговците на големо. Но, тука треба да се има предвид дека на зелените пазари има голема меѓусебна конкуренција од тезга до тезга. Од тоа зависи цената која се бара од граѓаните. Често и побарувачката диктира каква ќе биде цената на производот. Па, ако комшијата нуди зелка за 50 денари ти ќе треба да ја намалиш или да дадеш иста цена за да можеш да продадеш – вели Екрем Долек од комората на пазарџии.

    Трговци – многу повеќе фактори одлучуваат за цената на производите

    Трговците на големо, пак, се правдаат дека цената главно ја формираат според квалитетот на производот, а ги пресметуваат и трошоците за гориво, амортизација и се разбира маржата која е ограничена од страна на владата на 10 отсто за нив и на 5 отсто кај трговците во малопродажбата.

    Погледот на цените на зелените пазари и во маркетите, даваат појасна слика на реакцијата на земјоделците.

    На зелените пазари цената на селката варира секој ден и во различни периоди од денот, но главно се движи од 50 до 60 денари за килограм, а краставиците по цена од 80 до 110 денари.

    Во маркетите, зелката, зависно од брендот, може да се купи за цена од 29 до 35 денари и до 52 денари за црвената зелка. Краставиците, пак, се продаваат по цена од 39 до 63 денари за килограм. Цената на доматите, пак, се движи од 89 до 139 денари.

    Земјоделците појаснуваат дека при формирањето на производната цена од 10 денари за зелката , на пример, ги пресметуваат сите трошоци на земјоделецот.

    – Имаме трошоци за енормно скапата нафта, за агротехничките мерки, потоа драстично повисока цена на ѓубривата, трошок за вода. А работната рака скоро и да не ја пресметуваме во трошоците. И сето тоа за зелката по килограм изнесува 10 денари. Но тоа не се почитува. Цената оди и под овој минимален износ во одделни денови. Е сега јас прашува како земјоделецот да сади втора култура кога не може да добие ниту 50 отсто од потрошеното со продажбата на првата култура. Затоа имаме се помали површини засеани со градинарски култури, а велиме дека земјоделството е една од носечките гранки, која треба да обезбеди храна за народот – вели Велков.

    agrounik

    Години водење погрешна земјоделска политика

    Тој уште еднаш алармира дека земјоделската политика со години се води во погрешна насока во која земјоделецот останува по страна, а главниот збор го водат трговците.

    – Имаме субвенции кои никако да се дадат во периодот кога му се потребни на земјоделецот. Велат даваме зелена нафта, но за годинашното производство парите ќе ги добиеме наесен. Исто е и со ѓубривата. Договоривме и правила на откуп, но ретко се почитуваат. Со еден збор се вртиме во круг додека земјоделците полека не остарат и не се откажат од дејноста – вели Велков.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Владата најави посебна политика во земјоделството, како што рече, да се вратат земјоделците на нивите и да се овозможи од произведеното да се прехрани државата. Колку во тоа ќе успее ќе се види веќе следната година кога ќе треба земјоделците да ја почнат сезоната.

    Текст превземен од плусинфо.мк
    новинар: РАДА ИСОВСКА МАНЕВСКА

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img