Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-5.2 C
Skopje
Monday, November 25, 2024

More
    домаАгро колумнаМоже ли да се заработи од одгледување на бамбусот?

    Може ли да се заработи од одгледување на бамбусот?

    petel baner

    Може ли да се заработи од одгледување на бамбусот?

    Од бамбусот може добро да се заработи ако се вложат малку средства и малку труд.

    Otkup na kompiri

    На површина од еден хектар се садат 1200 садници, се ора нивата во длабочина над 30 сантиметри, се става ситем капка по капка и се ѓубри секој садник во коренот и се сади на 20 сантиметри во длабочина.

    Инвестицијата се враќа за четири години, а од осмата до десетата година заработката е до 40.000 евра и секоја година се зголемува приносот и квалитетот на бамбусните стебла, а со тоа и заработката е поголема.

    Пресметка за еден хетар изнесува 2100 евра и тоа: 1200 евра за садници , 300 евра за орање,400 евра за систем какпа по капка и 200 евра за ѓубрење.

    Колку расте бамбусот?

    Бамбусот може да достигне висина и до 90 метри и дебелина од 40 см во топлите краеви на Азија и Јужна Америка.

    Видот на бамбусот што јас го одгледувам може да порасне 10 до 12 метри и дебелина од 10 сантиметри.

    Какви услови се потребни за негово одгледување?

    Бамбусот не бара некои посебни услови за одгледување, за него е потребно земјата да биде изорана и растресита пред садење, потребно му е сонце, малку ѓубриво при првото садење и вода.

    Најдобра почва за него е песокливата, а не му одговара варовник и кисела почва.

    Каква нега бара бамбусот?

    Бамбусот што се одгледува на отворено не му е потребно многу нега, затоа што него не го напаѓаат инсекти.

    На пролет и во средината на летото кога растат младите стебла потребно е еднаш неделно да се наводнува.

    Бамбусот се сади еднаш и не е потребно пресадување во наредните 40 до 50 години.

    Што мислите за одгледување на овој тип на растение во Македонија?

    Може ли да се заработи од одгледување на бамбусот?

    Кај нас има поголема примена во градините како украсно дрвно а помалку како индустриски ресурс.

    Бабусот е навистина растение, кое нуди големи можности. 

    НО!!! Бамбусот е МНОГУ инвазивно растение! 

    agrounik

    Ако го засадите еднаш, од секој корен расте нов бамбус и ако остане само еден мал крај од коренот во земјата, расте цела шума. 

    Бабусот гуши се останато, затоа ПРЕТПАЗЛИВО ако планирате да го засадите и бидете МНОГУ внимателни. 

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Во Словенија засадувањето во природа е забрането.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img