Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

8.8 C
Skopje
Tuesday, March 19, 2024

More
    домаАгро ВестиТурското земјоделие руши рекорди

    Турското земјоделие руши рекорди

    petel baner

    Турското земјоделие е едно од најразвиено во светот. Секоја година бележи рекорди и учествува како една од најзначајните гранки во економијата на оваа земја.

    Турската земјоделска индустрија забележа пораст на извозот од 22,2% и достигна 29,74 милијарди долари во 2021 година, што е рекорд на сите времиња, покажуваат податоците од Собранието на турските извозници.

    Земјоделската индустрија учествувала со 13,2% во вкупниот извоз на Турција минатата година, кој се зголеми за повеќе од 30% и достигна историски максимум од речиси 225,4 милијарди долари.

    Житариците, мешунките и маслодајните семиња ја поттикнаа продажбата на земјоделски производи со највисок извоз од 9,15 милијарди долари.

    Извозот на свежо овошје и зеленчук надмина 3 милијарди долари, а извозот на лешник достигна 2,26 милијарди долари.

    Германија и Ирак се најголеми купувачи на турските земјоделски производи. Германија била главен пазар за производи од лешник (536,4 милиони долари), сушено овошје и производи (232,8 милиони долари) и овошје и зеленчук (274,3 милиони долари), додека Ирак беше најголемиот купувач на житарки и маслодајни култури (1,63 милијарди долари).

    САД биле главниот пазар за тутун (105 милиони долари) и маслинки и производи од маслинки (60,6 милиони долари), Холандија за украсни растенија (53,9 милиони долари), додека Русија останува главен купувач на свежо овошје и зеленчук (1,14 милијарди долари).

    И во 2022 година се очекува турското земјоделие да руши рекорди и во производство и во извоз.

    Agrobot

    Експертите се согласни дека покрај вредните турски фармери огромна улога игра и одсуството на корупција во земјоделието.

    Што мислите во Македонија има ли корупција во земјоделието?

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Браво за комшиите се надеваме дека некои добри практики ќе успееме да превземеме.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img