Сенопревртувач е машина наменета за земање на зелена добиточна храна, сува добиточна храна, слама и сено.
Општ опис на машината
Сенопревртувачот – Тракаст се користи за собирање и превртување на искосена
трева (сува и зелена) и собирање на иситнети остатоци од пченка после
комбајнирање. Ова собирање претставува претходна операција пред балирање со
преси со висок притисок, рол балери или други приколки.
Оваа машина служи и за превртување на сеното заради побрзо сушење. Поради
добрата прилагодливост на секој терен може да се користи и на нерамни површини.
Сенопревртувачот е приклучна машина која се прикачува на трактор како и сите
останати приклучни машини во три точки I и II категорија и е од носен тип.
Транспортната позиција овозможува движење и на надворешни патишта со
оглед на тоа што не ја надминува ширината на тракторот.
Направен така што овозможува минимални одржувања.
Упатство за сигурна работа и заштита од незгоди
Во текот на работата со сенопревртувач треба да обратите посебно внимание на
сигурноста и безбедноста.
Пред да започнете со работа потребно е да ги проучите следните работи:
Внимание!
- Прочитајте го и проучете го упатството и придржувајте се кон препораките
кои се дадени во него. - Таблиците кои се ставени за опасност или предупредувања треба да се
почитуваат. - Управувачот на машината е одговорен за безбедноста на останатите луѓе,
животни кои ке се најдат во близина на подрачјето во кое се работи. - Управувачот на машината треба да биде соодветно облечен. Да не носи широка
и опуштена облека. - Кога ке се откачи од трактор треба да го поставите на рамен терен и да го
потпрете со потпорната нога. - При прикачување и откачување од тракторот треба посебно внимание.
- За пренос по јавни патишта треба да го наместите во правилна позиција за
транспорт. - Машината закачете ја само кога се поставени сите сигурносни заштити и кога е
во прописна позиција. - При транспорт водете сметка за висината на која е подигнат.
Предупредување!
- Во јавен сообраќај придржувајте се кон знаците и сообраќајните прописи.
- Машината е потребно да ја прикачите спрема упатството и неопходно е
правилно да ја осигурате. - Брзината на возење прилагодете ја на условите на патот и не правете
нагли движења. - Во кривина избегнувајте нагли движења и водете сметка на инерцијата која се
јавува од вртењето. - Пред да го напуштите тракторот осигурајте се дека машината е спуштена на
земја.
Опасност!
- Возење на приклучната машина не е дозволено.
- Во текот на движење не го напуштајте возачкото седиште.
- Не се задржувајте во подрачје на движење на машината.
- Не задржувајте се во близина на вртење на машината.
- Машината не ја оставајте во крената положба кога го напуштате тракторот, туку
треба да се спушти на земја.
Опис на машината
Секој сенопревртувач се состои од три главни дела и тоа:
- Приклучен носач
- Главен рам
- Собирни тркала
Приклучниот носач служи за прикачување на сенопревртувачот на трактор,
подесување на работната позиција и носење на работните елементи. На приклучниот
носач се наоѓаат приклучните точки кои овозможуваат прикачување на тракторот без
никакви додатоци.
За подесување на налегнувањето на собирните елементи на подлогата и
овозможување на правилно допирање на подлогата со приклучниот носач се наоѓа
ланец и железна опруга.
На задниот дел на приклучниот склоп се наоѓа граничник за обезбедување на
работната и транспортната позиција на главниот рам.
Главниот рам на сенопревртувачот е изработен од дебелозидни цевки во облок на
заварени конструкции. Се состојат од главен носач, движечки тркала и гранична
положба.
Со граничниците на левиот и десниот крај на главниот носач се врши избор на
работната позиција.
Собирните тркала претставуваат работни елементи на сенопревртувачот. На себе
имаат 20 собирни елементи.
Тркалата се изработени така де овозможуваат лесна монтажа на носачот, како и
брза измена на собирните елементи.
Монтажа на сенопревртувач
Сенопревртувачот се испорачува расклопен, заради лесен транспорт. Потребно е
пред приклучување на трактор да се направи меѓусебно поврзување на сите делови.
Врската на приклучниот носач и главниот рам се остварува преку двоструки лежај
на тој начин што рукавецот на главниот носач се демонтира расцепканата и рамната
подлошка, рукавецот се навлекува во отворот на двојниот лежај и врската се осигура
со поставување на рукавецот на подлошката. При монтажа треба да се води сметка да собирните точки правилно да бидат поставени. Тркалото е правилно поставено доколку се притиснат плочките свртени спрема тракторот.
Приклучување на сенопревртувачот на трактор
Со поместување на тракторот на назад и спуштање на долните тракторски полуги
со помош на хидраулика доведете ги приклучните точки на полугата во правец со
приклучните точки на приклучниот рам на сенопревртувачот. Во зависност од типот на тракторот прикачувањето се врши во подебелиот односно во послабиот крај на осовината на приклучните точки. Доколку врската не може правилно да се оствари, потребно е да ги поткренете приклучните точки на приклучната рамка.
Горната тракторска полуга – топлингот спојте го со приклучокот на горниот дел на
приклучниот рам на сенопревртувачот.
Транспортна положба
Додека сенопревртувачот се наоѓа во спуштена положба скратете ја активната
должина на ланецот на приклучниот носач, така да при подигнување на затезната
опруга да остане неоптеретена. Завртете ги граничниците на лево и десно со крајот на главниот носач, така да се ослободат носачите свртени спрема тркалата. Со помош на хидраулика кренете го сенопрвртувачот во горна позиција и ослободете го главниот носач со извлекување на граничникот. Завртете го главниот носач така да дојде во вертикална позиција и осигурајте го граничникот. Во зависност од патот по кој се движи со прикачен сенопревртувач носачите на подесивите тркала поставете ги во хоризонтална позиција односно во вертикална позиција. Висината на кревање од подлогата се регулира со скратување на ланецот на приклучниот носач.
Одржување
Сенопревртувачот е конструиран така да бара минимално одржавање. При
монтажа и при склопување на нов сенопревртувач како и при почеток на нова работна
сезона потребно е сите рукавци да ги подмачкате со универзална маст.
По завршувањето на работната сезона сенопревртувачот треба добро да се
исчисти, местата кои имаат фатено корозија добро да се истружат и повторно да се
бојадисаат и да се чува на суво место.
За повеќе совети при купување или користење на оваа машина посетете ја страната на следниот ЛИНК, или јавете се на овој БРОЈ
За повеќе слични корисни стории посетете ја рубриката Механизација, како и нашите групи на Facebook и Viber.