Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

4.8 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро ВестиВо Лондон се точи најскапо пиво

    Во Лондон се точи најскапо пиво

    petel baner

    Цените на пивото во Велика Британија пораснаа за повеќе од 70 отсто од финансискиот крах во 2008 година. Моменталната инфлација ги тера лондонските пабови да се борат за опстанок. Тие продаваат најскапо пиво чија цена достигна осум фунти.

    Просечната цена на половина литар пиво од 2008 година до сега порасна од 2,30 фунти на 3,95 фунти оваа година. Пабовите најавуваат натамошен раст бидејќи цените на јачменот го оптоваруваат производството.

    Otkup na kompiri

    CGA редовно спроведува анкети за цените за повеќе од 5.500 случајно избрани примероци во околу 90.000 британски барови и пабови. Според нивните податоци, максималната цена на пивото во Лондон годинава е 8,06 фунти.

    Најевтино пиво во Британија може да се купи во Ланкашир за 1,79 фунти, според CGA. Клајв Вотсон, шеф на City Pub Group (CPG), изјави дека цените на состојките за производство на пиво се зголемиле за 10%.

    agrounik

    – Растот на платите во оваа индустрија е околу седум отсто. Кога станува збор за струјата 100 отсто, што доведува до зголемување на цените на пивото меѓу приближно 12 и 13 отсто – вели Вотсон.

    Цените ќе растат дополнително

    КПГ во декември ги покачи цените меѓу пет и шест отсто, но извесно е дека тие ќе растат дополнително.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Директорите на пабовите се воздржаа од зголемување на цените. Сакаат да ги убедат клиентите да се вратат по долг период на карантин поради пандемијата од Корона вирусот. Сепак, високите цени на житото предизвикани од конфликтот во Украина и зголемените цени на работната сила и енергијата доведоа многумина да наплаќаат повеќе за цените на храната и пијалоците.

    Зголемените цени на состојките имаа многу негативно влијание врз пиварниците. Аналитичарите од Бернштајн проценуваат дека „во најлош можен случај, вредноста на состојките може да скокне и до 70 проценти“ во текот на годината.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img