Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ВестиФакултет за земјоделски науки

    Факултет за земјоделски науки

    petel baner

    Факултет за земјоделски науки – текстов е малку долг ама вреди да се прочита.

    Еве зашто да студирате на Факултетот за земјоделски науки.

    Otkup na kompiri

    Почитувани идни студенти

    Вистинскиот избор на Факултет и стекнувањето на диплома е една од најбитните одлуки во животот.

    Не постоиниту една поисплатлива и посигурна инвестиција од вложување во вашето знаење.

    Постојат голем број професии кои се нудат и меѓу кои вие треба да се одлучите.

    Доколку некоја од причините зошто да станете агроном, односно дипломиран земјоделски инженер го побуди интересот кај вас, тогаш ви предлагаме да се запишете на Факултетот за земјоделски науки и храна во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

    Зошто да станете агроном, односно дипломиран земјоделски инженер? 

    Производството на храна од секогаш преставувала една од најважните човечки активности, а земјоделството е најстарата професија со која се занимавале луѓето.

    Иако технолошкиот развој во светот доведе до појава на многу нови професии, сепак производството на храна останува незаменлив дел од секојдневниот живот на луѓето.

    Сигурно дека денешното земјоделство и производство на храна не е она што било порано. Имено, за да се занимавате со земјоделство и производство на здрава, квалитетна и безбедна храна, денес се потребни напредни мултидисциплинарни знаења, знаења кои секојдневно се збогатуваат, бидејќи земјоделско-прехранбениот сектор е опремен со најсовремени технички средства, софистицирана опрема, високи технологии, а сето тоа како резултат на интензивни вложувања во развојот на науката, која треба да ги постигне милениумските цели за надминување на гладот во светот.

    Земјоделско-прехранбениот сектор имал и секогаш ќе има сигурен развој и перспектива. Имено, податоците на Организацијата за земјоделство и храна при Обединетите Нации укажуваат дека светското производство на храна до 2050 година треба да порасне за 70 %, со цел да се обезбедат потребите на идните 10 милијарди жители на планетата земја.

    Земјоделството и производството на храна е основа за развој на целокупниот систем како на националната, така и на светската економија. Кај нас, земјоделско-прехранбениот сектор е  еден од најзначајните сектори и истиот учествува со речиси 15 % во бруто домашниот производ. Од друга страна, нашата држава има поволни климатски услови за квалитетно земјоделско производство, а нашите производи се препознатливи далеку во светот. Исто така, треба да се истакне дека во последниве неколку години, голем дел од инвестициите се насочуваат токму во овој сектор, има и странски и домашни, а овој сектор е директно поддржан и од државата преку разни мерки за субвенционирање. Затоа, обезбедувањето на стручен кадар од оваа област и понатаму ќе биде важен процес во развојот на овој за државата важен сектор.

    Денес, на пазарите во нашата држава и ширум светот расте побарувачката за производство на здрава, квалитетна и безбедна храна, а особено е важно да се внимава и на условите во кои се произведува истата, пред сè на зачувување на природните ресурси и заштитата на животната средина. Исто така, барањата на пазарите стануваат се построги, а компаниите кои работат во овој сектор сериозно вложуваат во унапредување на производството и во обезбедувањето на добро образуван и квалитетен кадар кој знае како да произведе еколошка, здрава, квалитетна и безбедна храна.

    Затоа, слободно можеме да кажеме дека професијата агроном, односно дипломиран земјоделски инженер е многу значајна струка, бидејќи со својата работа, денес истите значајно влијаат врз подобрувањето на многу актуелни прашања како што се: гладот, сиромаштијата, зачувување на животната средина, предизвиците од влијанијата на климатските промени во производството на храна, итн. Исто така, производството на здрава, квалитетната и безбедна храна е услов за добро здравје на луѓето, но и на животните. Истовремено, храната преставува наше секојдневие и не поврзува со сите наши активности и сите случувања.

    И на крајот, најважната причина е тоа што оваа професија е една од најблагородните и најхуманите професии, професија од која се очекува да влијае во обезбедување на населението со доволни количества на здрава, квалитетна и безбедна храна, со цел опстанок на човештвото, што од друга страна ја прави поразлична од другите професии, a поради тоа истата има интернационално значење.

    Зошто студирањето на Факултетот за земјоделски науки и храна е добар избор?

    Бидејќи студентите се во центарот на нашето внимание. Имено, уште од самото основање во далечната 1947 година па до денес, Факултетот за земјоделски науки и храна целосно е посветен на својата основна задача и мисија, како студентите да ги постигнат највисоките академски стандарди преку стекнување на знаења и компетенции од најновите научни достигнувања, а кои се во интерес на развојот на современ земјоделско-прехранбен сектор, согласно основните цели за развој на нашата држава и потребите на стопанството.   Затоа што Факултетот обезбедува квалитетно теоретско и практично образование во одлични услови за студирање и модерно опремени училници и лаборатории, амфитетри, предавални, компјутерски училници и друга соодветна опрема за непречена реализација на наставно-образовниот процес на студентите.  

    Бидејќи Факултетот за земјоделски науки и хранае најстара и најголема образовна институција од подрачјето на земјоделството и храната кај нас и во регионот, која постојано е посветена на развојот на науката и новите достигнувања и нивно директно имплементирање во практиката, а со тоа го правиме нашиот Факултет креативно место за оспособување на стручен и научен кадар кој полесно ќе се вклучи во глобалниот пазар на трудот.  

    Непрекинато работиме на поврзување со нови научни и истражувачки центри и имаме блиска меѓународна соработка со голем број признати универзитети од регионот и светот, на многу интердисциплинарни  проекти, во кои свое место имаат и нашите студенти. Исто така, Факултетот со својата развиена меѓународна соработка постојано овозможува и мобилност на студентите.

    Се прават истражувања чии резултати реално се применуваат во секторот. Имено, нашите студентите имаат можност да бидат вклучени во научно-истражувачка работа и соработка со деловни субјекти од земјоделско-прехранбениот сектор, каде што резултатите директно може да се користат во нивната работа, како и на проекти од државни институции и министерства кои преставуваат база и со кои имаме секојдневна комуникација.  

    Особено водиме грижа за континуирано присуство и активности на студентите во лабораториите и на опитните површини со кои располага Факултетот. Исто така, практичната настава се изведува и во соработка со стопанските субјекти со кои Факултетот има долгогодишна соработка (организирана посета на индустриски погони, производствени капацитети, земјоделски стопанства итн.), со цел запознавање со процесите, опремата и стандардите во целиот процес на производство и преработка на производите, анализирање на проблемите во производството и изнаоѓање на соодветни решенија, организација на производството, продажбата до крајниот корисник итн. Соработуваме со многу познати и признати компании од државата.

    Студентите успеваат да видат како работи реалниот сектор, да се соочат со тековните предизвици, со што практично го надградуваат стекнатото знаење.  

    Студентите се составен дел на сите работни тела и комисии на Факултетот, со права и обврски кои им овозможуваат активно учество во унапредување на наставно-образовниот процес и во донесување на одлуките во највисоките тела на Факултетот. Студентското факултетско собрание, меѓу другото, има и активна меѓународна соработка со различни организации преку кои студентите можат да остварат професионална пракса и студиски престој надвор од нашата држава.  

    Покрај наставно-образовниот процес, особено внимание се посветува и на вон-наставните активности на студентите, како што се спортот, рекреацијата, презентација на научноистражувачки резултати и други активности. Така, преку  Центарот за кариера на факултетот, студентите имаат можност преку волонтерска работа да ја покажат својата креативност и да учествуваат на разни манифестации, работилници и обуки. Спортските екипи од нашиот факултет веќе подолг период се на самиот врв, како во рамките на нашиот Универзитет и држава, така и пошироко. Во рамки на Факултетот постои и планинарско друштво каде што сите студенти може да се вклучат и активно да членуваат. Исто така, во Факултетот постои и мала сала за изведување на спортски активности од страна на студентите (пинг-понг, шах, јога и друго). Студентите организираат „Студентски смотри на трудови”, на кои се презентираат резултати од нивни истражувања спроведени во рамки на Факултетот или со стопанството. Од 2019 година е обновено и студентското списание „Scientia iuvenis”.  

    Со еден збор, се трудиме на нашите студенти да им овозможиме вклучување во сите активности со кои ќе го подобриме квалитетот на нивното студирање во секој поглед, а секако тоа позитивно ќе влијае врз нивната идна кариера и целокупниот квалитет на живеење.  

    Какви услови и капацитети нуди Факултетот во однос на организирање на наставата и останатите активности?

    По претходно стекнатото знаење во училишните клупи, студирањето на нашиот факултет и на нашите студиски програми нуди едно ново и поразлично искуство. Имено, наша водечка девиза е постојано да се води сметка за модернизирање на наставните програми согласно светските текови, потребите на пазарот на трудот и целокупното стопанство во државата и пошироко.

    Денес, наставно-образовна дејност на Факултетот се изведува на 9 студиски програми на прв циклус студии, 8 студиски програми со преку 40 модули на втор циклус (магистерски студии) и 6 студиски програми на трет циклус студии (докторски студии). Наставата на сите три циклуси на студии се реализира согласно Европскиот кредит-трансфер систем, а Факултетот е меѓу првите институции во нашата држава кој во 2002 година започна со болоњските реформи.

    На прв циклус студии, студентите изучуваат студиски програми по: АгроекономикаАнимална биотехнологијаЕко-земјоделствоЗаштита на растенијата – фитомедицинаКвалитет и безбедност на хранаОвоштарство, лозарство и винарство со модулите: Овоштарство со лозарство и Лозарство и винарство, ПоледелствоПреработка на земјоделски производи со модулите Анимални преработки и Растителни преработки,  и Хортикултура со модулите:  Градинарство и цвеќарство и Хортикултура. Сите студиски програми имаат свои специфичности во однос на наставните програми, а согласно на тоа се изградува стручен профил кој има свое место на пазарот на трудот, со стекнати вештини и карактеристични способности. Во првите три семестри на прв циклус, наставата се одвива преку заедничко стебло од базични и општи предмети, додека од четвртиот до осмиот семестар студентите изучуваат предметни програми од потесната област на студиската програма. Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје е високообразовна и научноистражувачка институција која постојано ги следи и имплементира современите стандарди за задоволување на строгите критериуми за квалитетно образование на студенти во областа на земјоделството и храната.

    Имено, Факултетот располага со зграда од околу 10 000 квадратни метри, во која се сместени 5 амфитеатри опремени со аудио и визуелна опрема и над 30 предавални опремени за помали групи на студенти. За потребите на студентите и предавањата на одредени предметни програми, на Факултетот постојат три компјутерски училници опремени со компјутерска опрема и со соодветни програмски пакети за потребите на студентите. Во рамки на Факултетот постојат преку 50 лаборатории, од кои некои се студентско показни, еден дел служат само за научноистражувачки активности, од кои еден дел се со акредитирани методи согласно стандардите за квалитет ISO 17025, додека некои се овластени за вршење на дејности утврдени со закон.

    Факултетот располага и со современа и модерна централна библиотека во која има простор за безбедно повеќечасовно учење и користење на богатиот библиотечен фонд од преку 70 000 учебници, монографии, списанија и други материјали. Факултетот располага со опитни површини во кругот на Факултетот, како и со опитно поле од 74 хектари лоцирани во Долно Лисиче – Скопје, кои освен за научноистражувачки активности, ставени се на располагање на студентите во процесот на образованието, но и на стопанството и другите што се заинтересирани за користење на овие потенцијали.

    Факултетот за земјоделски науки и храна со своето долгогодишно постоење, претставува најстарата и најголемата високообразовна и научноистражувачка институција од областа на земјоделството и храната, која има водечка улога во развојот на образованието и науката кај нас и пошироко. Покрај долгата традиција, зад нас стои искусен наставен и соработнички кадар, чиј приоритет отсекогаш биле студентите. Денес, за квалитетно спроведување на наставно-образовниот процес, на Факултетот се грижат 70 наставници, околу 20 асистенти, лаборанти и демонстратори, како и 20 вработени во административно-техничката служба на Факултетот. До денес, на Факултетот своето образование го стекнале повеќе од 8 100 дипломирани земјоделски инженери, 117 специјалисти, повеќе од 520 магистри и над 260 доктори на науки.  

    Сигурно ќе се запрашате каде сè работат студентите кои дипломирале на нашиот факултет? 

    Нашите студенти ги има секаде, затоа што се проактивни, неуморни млади луѓе, одговорни личности кои се спремни да се вложат и успеат.

    Со гордост можеме да кажеме дека голем дел од нашите дипломирани, специјализирани, магистрирани и докторирани колеги својот животен пат после студирањето го продолжиле во државните институции, министерствата, високообразовните и средните стручни училишта, во примарното растително и сточарско производство, во месната индустрија, во индустријата за преработка на млеко и млечни производи, пекарската индустрија, кондиторската индустрија, винариите, пиварската индустрија, како и во многу други познати компании од областа на земјоделството и прехранбената индустрија во државата, банки, асоцијации и здруженија, невладини организации, организации за заштита на животната средина, но и во признати институции и компании надвор од нашите граници, со што се потврдува и вредноста на дипломата на нашиот факултет, диплома која стекнуваат нашите студенти по завршување на студиите.

    Особено сме горди на сите оние наши колеги кои по завршување на студиите основале свои фирми и компании кои денес успешно работат, не само во нашата држава туку и пошироко.    

    agrounik

    Ве очекуваме!

    Факултет за земјоделски науки

    Студирајте и направете студентските денови да ви бидат незаборавни…  

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    http://www.fznh.ukim.edu.mk/mk/brosura.html 

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално


    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img