домаАгро колумнаЦрна дамкавост кај доматот (Alternaria solani)

Црна дамкавост кај доматот (Alternaria solani)

Pneumatik baner

Црна дамкавост на доматот, предизвикана од габата Alternaria solani, претставува едно од најраспространетите заболувања кај доматот. Може да се развие на сите надземни делови од растението, но првите симптоми најчесто се појавуваат на долните листови кај постарите растенија.

Симптоми на болеста

Семенарна хоризонтален банер

Препознатливи симптоми се:

Reklamiraj se na zemjodelie.mk
  • Округли, сивокафеави дамки со изразени концентрични кругови (т.н. мета-дамки),
  • Хлороза (пожолтување) околу дамките поради разградување на хлорофилот,
  • Црни дамки на плодовите, најчесто на местата каде што плодот доаѓа во контакт со лист или стебло.

Овие промени не влијаат само на изгледот на плодот, туку и на неговиот квалитет и пазарна вредност.

Епидемиологија на болеста

Патогенот A. solani презимува во облик на мицелиум, конидии и хламидоспори во растителни остатоци. Кога напролет ќе се создадат поволни услови – висока влажност и температури помеѓу 23–29°C, особено во пластеници – инфекцијата се активира.

Растенијата со недостаток на хранливи материи или со дисбаланс во исхраната се значително почувствителни на развој на болеста.

Решение – препарат ERWIX

За ефикасна заштита се препорачува примена на препаратот ERWIX на база на корисната бактерија Bacillus subtilis.
ERWIX делува биолошки и безбедно, без каренца – што значи дека може да се користи и за време на берба!

📌 Дозирање: 100 ml на 10 литри вода

Предности:
✔ Биолошки препарат
✔ Без период на чекање (каренца)
✔ Погоден за пластеничко и отворено производство

За дополнителни совети за заштита на доматот и правилна примена на ERWIX, контактирајте го нашиот стручен тим – тука сме заедно да обезбедиме здрав и роден засад!

Тигар лого гиф

дипл. Антонио Карамитров
Мобилен: +38978271471

дипл. Дејан МИХАЈЛОВСКИ
Мобилен: +389075416080

petel baner

Тимот на Агроуник ви стои на располагање.

Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img