Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

13.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024

More
    домаАгро ВестиСоларни панели на село

    Соларни панели на село

    petel baner

    Соларни панели на село – На село покрај храна покрај храна ќе може да си произведуваме и струја. Доколку имате такви планови еве што ќе треба да направите.

    Еве кои документи ви се потребни за поставување фотонапонска електрана на куќа.

    Од 1 јули секое домаќинство ќе може да стави фотоволтаици и да произведува струја, а вишокот да го продава на пазарот.

    Според експертите ова е добар чекор бидејќи во екот на енергетската криза и енормниот раст на цените на струјата се овозможува поголемо производство на струја, но треба да се има предвид дека освен парите за инвестицијата треба да се соберат куп документи.

    Експертите велат дека потребно е да се извади решение од Општината, под услов објектот да е запишан во катастар, да е изваден имотен лист и да има проект за статика на покривната конструкција, бидејќи се става дополнителна тежина на покривот.

    Да се направи проект за електрика на фотоволтаичната електрана.

    Сите горенаведени документи со доставуваат до Општината за добивање решение за поставување опрема на покрив.

    Пријава во „ЕВН дистрибуција“ за добивање точка на приклучок за произведената електрична енергија.

    Склучување договор со снабдувачот кој ќе го преземе вишокот произведена електрична енергија….

    За шесткиловатeн соларен систем, едно домаќинство треба да инвестира од три до четири илјади евра, а инвестицијата се враќа за околу седум години. Додека, пак, на една компанија за да инсталира соларен систем од 20 киловати ѝ се потребни 14.000 евра.

    Сепак експертите се согласни дека новата регулатива ќе им овозможи на домаќинствата и компаниите да произведуваат електрична енергија и да си ги намалат сметките за струја.

    Обврска на ЕВН хоум е да ја преземе произведената струја од фотоволтаици и на секои шест месеци ќе треба да се направат дополнителни фактури каде што ќе им се намалат сметките за струја или ќе им се плати за произведената струја од сонцето.

    Agrobot

    Соларни панели на село нема веќе само производство на храна ќе почнеме и струја да произведуваме.

    Туку да ги прашаме надлежните ние што си живееме на Село можеме соларните панели да ги ставиме и на земја па дали тогаш ќе ни бидат потребни сите овие документи?

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Не мора соларните панели да ни бидат на кров.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img